По враќањето од Македонија Светиот Отец одговараше на новинарски прашања

По враќањето од Македонија Светиот Отец одговараше на новинарски прашања

На прес конференцијата на враќање од Македонија Светиот Отец истакна дека Македонците и Бугарите се два различни народи и две сосема различни земји

Во текот на летот од Скопје до Рим, по тридневната апостолска посета на Бугарија и Македонија, папата Фрањо разговараше со новинарите и одговaраше на нивните прашања.

Впечатоци од Бугарија и Македонија

Запрашан за неговите најсилни впечатоци од двата народи кои ги посети, папата Фрањо рече „Тие се две сосема различни земји.“

Бугарија, објасни тој, е нација со вековни традиции; додека Македонија има вековни традиции, но не како земја, туку како народ. Независноста на земјата е не многу одамна, но папата Фрањо ја пофали „добрата борба“ за таа цел. Македонија е симбол на тоа како христијанството влезе на запад преку апостол Павле кој сакаше да оди во Азија, но беше повикан во Македонија. Народот во Северна Македонија никогаш не ја пропушта можноста да нè потсети дека христијанството влезе преку нивната врата“ – рече Папата.

Папата истакна дека и во Бугарија и во Северна Македонија православните христијански заедници, католиците и муслиманите живеат заедно. Тој го пофали фактот дека видел добри односи помеѓу различните вери во двата народи и изрази восхит за достојна „почит“ за различностите и за човековите права наместо „толеранција“

Во Македонија му остави впечаток изјавата на претседателот: Туку религијата не се толерира, туку се почитува – рече Папата и додаде: Тоа е така денес, во свето во кој недостсува почитување на човековите права, децата, старите лица. Тоа дека мистиката на некоја земја е почитувањето тоа ми посебно мило. Освен тоа, Светиот Отец на новинарите им кажа дека од патувањето носи две посебно силни искуства.

Од каде Папата црпи енергија?

Еден новинар го праша од каде тој наоѓа енергија и сила кои се потребни за патување и службата каква што тој врши.

„Пред сè би сакал да кажам јас не се послужувам со магија!“ – рече Папата

Тој објасни дека тоа е „дар од Бог“ и откри дека кога тој посетува места „се заборава себе“ и тој е „само таму.“ Тој призна дека потоа се чувствува уморен: „Јас не се изморувам од патувањето, колку што се изморува потоа. Мислам дека Господ ми дава сила. Го молам Бог да бидам верен, да Му служам, патувањето да не биде туризам. И потоа… не ми е тешко да го правам тоа.

Односите во Православната Црква

Одговарајќи, Папата рече дека односите генерално се добри и дека постои добра волја, и додаде дека меѓу патријарсите сретнал повеќе Божји луѓе, како што се на пример патријархот Неогит, Илија II, Ватоломеј, Кирил. Тоа се големи патријарси, кои даваат сведоштво. Сите тие имаат недостаток, но и сите ние ги имаме

 (…)

Впечатоци

Едното се однесува на средбата со сиромашните во Македонија, во Спомен куќата на Мајка Тереза, каде посебно ја забележал благоста со која монахињата се грижи за сиромашните. Тој истакна дека во денешниот свет ние сме навикнати на размена на навреди: „политичарите се навредуваат меѓу себе, соседите се навредуваат меѓу себе, дури во семејство се навредуваме меѓу себе рече Папата и истакна дека голем впечаток му остави како таа монахиња се гриж за секоја личност како да е Исус. Второто силно искуство е Првата света Причест во Бугарија, во градот Раковски, затоа што тој настан го врати во 1944 година и се потсетил на неговата Прва света Причест: „Се преселив, бидејќи моето сеќавање ме врати на мојата Прва Причест на 8 октомври 1944 г. (…) Црквата се грижи за децата, тие се на маргините затоа што сè уште се мали, но тие се ветување, тие мора да растат. Се чувствував во тој момент дека тие 245 деца се иднината на Црквата и на Бугарија.“

Категорија: Вести, Македонија

За авторот