Петок на милосрдието: Папата Фрањо посети училиште во Рим

Петок на милосрдието: Папата Фрањо посети училиште во Рим

Во рамки на иницијативата „Петок на милосрдието“ папата Фрањо во петок 25 мај 2018 година го посети училиштето „Елиса Скала“, кое се наоѓа на југозападната периферија на Рим.

Во придружба на надбискупот Рино Физекела, претседател на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација, Папата ја продолжи својата иницијатива „Петок на милосрдието“, која ја започна во Година на милосрдието, посетувајќи го училиштето „Елиса Скала“ во југозапдниот дел на Рим. Таму Светиот Отец беше пречекан од директорката на училиштето Клаудија Џентили и стотина ученици, кои присуствуваа во попладневните училишни активности.

Училишниот комплекс постои од 50 – тите години од минатиот век, а пред неколку месеци е именуван по една девојка по име Елиса Скала. Единаесетгодишната девојка во 2015 година починала од тежок облик на леукемија. Затоа што имала голема страст кон книгите желба на нејзините родители била во училиштето да основа библиотека, која ќе биде достапна за сите деца. Во меѓувреме, библиотеката брои повеќе од 20 илјади книги, кои луѓето ги праќаат од цела Италија и целиот свет и секоја е се посвета за Елиса.

И папата Фрањо со себе донесе неколку книги со лична посвета за Елиса. Светиот Отец очигледно погоден од родитеите на починатата девојка ги разгледа просториите на библиотеката и кратко разговараше со нив.  Учениците во чест на посетата на Папата во дворот на училиштето приредија програма со песни. По кратката посета Свеетиот Отец се врати во Ватикан.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот