Необичен подарок за папата Фрањо, мисиска касичка во облик на був

Необичен подарок за папата Фрањо, мисиска касичка во облик на був

Епископот на Рејкјавик Давид Бартимеј Тенсер му врачи на папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во средата на 10 ноември необична и интересна мисионерска касичка во облик на був која ја дизајнирал Иван Совиќ директор на Папските мисиски дела за петте нордиски земји.

Ова е проект на Папските мисиски дела за петте нордиски земји: Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, со кој се настојува да се поттикнат верниците на солидарност со осамените луѓе особено децата во потреба.

„Настојував да направам една необична и интересна касичка за Kindermission која на прв поглед би повикувала на размислување“ – рече директорот Совиќ. „Барав инспирација во арктичкиот круг на нашите северноевропски земји, инаку собрани во една црковна конференција, па така се одлучив за снежниот був. Не заради тоа што моето презиме „Сова“, туку заради тоа што многу деца ја сакаат ова птица, и затоа што бувот носи значајна симболика и во Светото Писмо. Се спомнува меѓу останатото во врска со пустош, осаменост, но и грижа за младите. Тоа е особено значајно во ова време на пандемија, но и инаку во времето на забрзаност, каде меѓу нас има сѐ повеќе осамени лица на кои сме повикани да им искажуваме сестринска и братска близина“ – истакна Совиќ.

„Мојот епископ Давид Тенсер имаше прилика да се сретне со Папата во Рим каде му врачи една мисиска касичка. Особена радост ми е што гледам дека папата Фрањо покажа интерес и со симпатија го послуша толкувањето на епископот на овој мал симболичен детал. Касичките сега ги делиме на децата и младите во Исланд, се надевам дека проектот насоро ќе се прошири и на останатите нордиски земји. Моментално разговарам со Данците па ќе видиме и за останатите три земји,“ го заврши својот осврт Совиќ за овој настан. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот