Молете се за претставниците на властите и не заборавајте на сиромашните

Папата Фрањо на 12 март 2020 на светата Литургија во Домот „Света Марта“ повика на молитва за сите оние кои носат одлуки во врска со пандемијата на корона вирусот. Во исто време Папата повика да не заборавиме на оние кои се во потреба, гладните деца и оние што бегаат од војни.

Во ова време на пандемија заедно продолжуваме да молиме за болните, семејствата, и за родителите со деца кои се дома, а особено ви препорачувам да молите за властите – рече папата Фрањо на Литургијата во Домот „Света Марта“ – и истакна: Претставниците на властите често мора да одлучуваат за мерките кои на народот не му се допаѓаат. Но, тоа е за наше добро. Често претставниците на властите се чувствуваат сами и несфатени. Да молиме за  претставниците на нашите властите кои мора да носат одлуки за тие мерки, да чувствуваат дека народот ги прати со молитва.

Коментирајќи го Евангелието од вчерашната Литургија за богатиот расипник и сиромашниот Лазар (Лк 16, 19-31), Папата поттикна да не бидеме рамнодушни пред маките на оние, особено децата, кои страдаат од глад или бегаат од војната и пред себе наоѓаат само sидови, Оваа парабола на Исус е многу јасна, иако може да изгледа као приказна за деца, затоа што е многу едноставна – рече Папата и истакна: Исус со неа не сака да покаже само една приказна, туку можност сите ние и целото човештво така живееме.

Имаме два човека, еден задоволен кој знае убаво да се облече; можеби за облекувањето ги барал најдобрите стилисти во тоа време – рече Светиот Отец истакнувајќи: Се облекуваше во порфир и свила. Добро се забавувал и секојдневно само се гостеше, и така беше среќен. Тој не се грижеше, можеби од претпазливост, поради забавите, земал некоја таблета против холестерол, но животот така добро му поминуваше. Тој беше мирен.

На неговата врата беше еден сиромашен човек по име Лазар. Знаеше дека е таму сиромашниот човек  – рече папата Фрањо и продолжи: Но, тоа му изгледаше нормално, така си го претставуваше животот, и нека се снајде. Во најдобар случај Евангелието тоа не го вели – понекогаш нешто ќе му прати, неколку трошки и така минуваше нивниот живот. Двајцата починале и богатиот и Лазар. Евангелието вели дека Лазар го одвеле на небо со Авраам. За богатиот само се вели дека бил погребан и точка.

Постојат две работи кои погодувааат: Фактот дека богатиот човек знаел дека  пред неговата врата е сиромавиот и дека се вика Лазар – рече Папата и додаде: Но не му беше важно, тоа му излгедаше нормално. Богатиот човек можеби ги правел работите кои на крајот биле против сиромашните. Тој јасно знаеше, беше известен за таа реалност. Втората работа која многу ме допре е зборот „голема провалија“ која Авраам му ја кажува на богатиот: Помеѓу нас и вас има голема провалија, не можеме да комуницираме, ниту пак да преминеме од една на друга страна. Истата провалија беше помеѓу богатиот и Лазар и во животот на земјата. Амбисот не започна таму, туку овде на земјата.

Размислував за тоа каква беше маката на тој човек – рече Светиоит Отец и забележа: Беше проблем што тој толку добро беше информиран, но имаше затворено срце. Известувањата кои богатиот ги примаше не доаѓаа до неговото срце, не знаеше да сочувствува, не можеше да го допре страдањето на другите. Тој дури не можеше ниту да повика еден од слугите кои служеа на масата и да рече: Однеси го тоа на оној… Тоа е драма на информација која не слегува во срцето. Тоа се случува и со нас.

Сите знаеме или сме слушнале во вестите или сме виделе во весниците, колку деца во светот денес страдаат од глад, колку ги немаат потребните лекови, колку не можат да одат на училиште – рече папата Фрањо и посочи: Цели континенти ја преживуваат таа драма, го знаеме тоа. Велиме: Ах, тие кутри, и одиме понатаму. Таа информација не слегува во срце и многу од нас, многу групи на мажи и жени живеат во таа подвоеност меѓу она што го мислат, она што го знаат и она што го чувствуваат; срцето е раздвоено од умот. Рамнодушни се како што богатиот беше рамнодушен кон страдањето на Лазар. Станува збор за бездна на рамнодушноста.

Кога прв пат отидов на Лампедуса, ми дојде зборот „глобализација на рамнодушноста“ – рече папата и забележа: Можеби денес сме тука, во Рим, загрижени, затоа што се чини дека продавниците се затворени, дека не можеме да купуваме и секој ден да одиме на прошетка како би сакале; загрижени сме поради своите илјадници работи. И притоа забораваме на гладните деца, на сиромашните луѓе кои на државните граници бараат слобода, на принудените мигранти кои бегаат од глад и војна, и само наидуваат на sидови од железо и бодликава жица кои ги спречуваат да поминат.

Знаеме дека тоа постои, но тоа не доаѓа во срцето – рече Светиот Отец и посочи: Ја живееме драмата на рамнодушноста дека сме добро информирани, но не ја чувствуваме реалноста на другиот. Тоа е бездна на рамнодушноста. Потоа уште една работа погодува. Знаеме дека сиромавиот се вика Лазар. И богатиот од парабола на Исус го знеше тоа, затоа што во пеколот го молеше Авраам да му го прати Лазар; таму го препозна. Но не го знаеме името на богатиот. Евангелието не ни кажува како се викал тој господин. Немаше име. Го изгуби името, ги имаше само придавките: богат, моќен…

Тоа е она што претставува себичност кај нас; не тера да го изгубиме својот вистински идентитет, своето име и да ги вреднуваме само придавките. Световноста ни помага во тоа. Паднавме во културата на придавки каде нашата вредност е она што го имаме и што можеме, а не како се викаме; го изгубивме името. Рамнодушноста води кон губиток на името; само сме богати, само сме ова и она, само сме придавки. Да го молиме денес Господ за милост да не паднеме во рамнодушност, за милост сите информации кои ги имаме за човечката мака, да слезат во нашето срце, и да се придвижиме за да сториме нешто друго.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот