Почина патер Кушан

Во четврток 11 април 2013 година во резиденцијата на Дружбата Исусова до базиликата Срце Исусово во Загреб ненадејно во 69 година од животот почина патер Стјепан Кушан.

Патер Стјепан Кушан беше голем пријател на Македонија и долги години го водеше Пасторалниот центар на Католичката Црква во Охрид.

Роден е на 8 номеври 1944 година во Летованиќ , каде посетува основно училиште, а во Сисак завршува средно економско училиште. Покрај бројните служби кои ги имаше беше и директор на Исусовската служба за бегалци (ЈРС) и основател и прв водител на Брачните средбо во Хрватска, провинцијал на Хрватската провинција на Исусовци, професор по морална теологија.

Од 2003 до 2010 година го водеше Пасторалниот центар во Охрид. По краток престој во Сараево од 2011 година поради нарушено здравје служи како ревен исповедник и водител на духовни вежби во резиденцијата на Исусовците во базиликата Срце Исусово во Загреб.

Патер Стјепан Кушан ќе биде погребан на Мирогој во Загреб во вторник 16 април во 15.50 часот. Миса задушница ќе се служи по погребот во базиликата Срце Исусово во Загреб.

Вечен живот дарувај му Господи.

Категорија: Uncategorized, Свет

За авторот

Write a Comment

<