После пет години повторно воскресни славења во Мосул

После пет години повторно воскресни славења во Мосул

Во Ирачката метропола Мосул велигденските славења оваа година повторно ги предводи епископ.

За време на славењата за Пасхалната тродневница новиот калдејски католички надбискуп на Мосул и Акра доминиканецот Мајкл Најеб Муса ги повика малиот број христијани кои се вратиле во градот на градење на мостови, на рушење на ѕидовите и да сеат надеж.

Надбискупот ги предводи славењата во црквата Свети Павле во која почиваат земните остатоци на неговиот претходник Паолос Фраја Рахо кој во 2008 година го убија исламистите.

„Имајте храброст да бидете христијани! Наша задача е да го сведочиме Христос, тоа е пораката која сакаме да ја упатиме до нашите браќа и сестри, до припадниците на другите верски заедници и до целиот ирачки народ,“ ги пренесе зборовите на надбискупот агенцијата СИР. Тој предупреди дека без праведноста нема да има иднина за христијаните во Ирак. А праведноста значи да се загарантираат правата на сите граѓани без разлика на верската и етничката припадност – објасни надбискупот Најеб Муса и на властите во Багдат им порача: „Ние христијаните сме полноправни граѓани како и сите останати.“

Во моментот црквата Свети Павле е единственото место каде се служи католичка Литургија. „Овде ќе славиме Велигден за да докажеме дека светлото на нашето секојдневие ја победува темнината,“ порача надбискупот Најеб Муса.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки Ирак, Мосул

За авторот