Помош за катедралата во Луксор

Помош за катедралата во Луксор

Единствената црква, која беше во можност да собере околу 4500 верници, повеќе не постои. Станува збор за катедралата во египетскиот град Луксор, посветена на Свети Ѓорѓи, која е уништена од пожарот во април 2016, а причини сѐ уште се неразјаснети.

„Принудени сме да богослужиме во блиската сала, која има капацитет само една третина од катедралата. За време на божиќните и велигденските Литургии многу луѓе не можат да присуствуваат, бидејќи нема место”, истакнува коптскиот католички епископ на Луксор, монс. Емануел Бишеј.

За да помогне на потребите на локалната Црква, Папската фондацијата „Помош за Црквата во неволја” започна кампања за собирање средства за обнова на катедралата. За оваа кампања подршка даде и патријархот  на коптската Католичка црква, Ибрахим Сидрак.

Како што потсетува „Помош за Црквата во неволја” – Италија, епархијата на Луксор беше еден од најпогодените за време на антихристијанските протести во август 2013, спроведени од страна на поддржувачите на соборениот египетски претседател Мохамед Морси.

Градот е еден од најпознатите туристички места во Египет – во него се наоѓа прочуениот археолошки комплекс Карнак, исто така е близу до Долината на царевите и Долината на цариците, познат е и како место од каде тргнуваат крстарењата по реката Нил.

Во голем број прилики, папата Фрањо ја истакна блискоста кон христијанската заедница во Египет. За време на дводневната посета таа земја, Светиот Отец се помоли во црквата „Ал Бутросија” во Каиро, каде што на 11 декември 2016 беше извршен самоубиствен напад.

Зенит/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот