Изненадување и нова одговорност се првите зборови на новите кардинали

Изненадување и нова одговорност се првите зборови на новите кардинали

Изненадување и чувство за нова одговорност. Ова се првите зборови на новоименуваните кардинали откако се најдоа на пописот на оние кои папата Фрањо ќе ги вброи во Кардиналскиот колегиум на следниот конзисториум, кој ќе се одржи на 28 ноември.

Многу големо изненадување е за монс. Енрико Ферочи, парох во црквата Божествена љубов во Рим кога дозна за кардиналското именување. Тоа го сфатив како гест на Папата кој не го направи на за мене лично, туку за сите свештеници во Рим – рече монс. Ферочи за Радио Ватикан и додаде: Секогаш се вели дека свештеникот е испружена рака на епископот како би го допрел Христовото тело, кое е Божјиот народ. Ете, папата Фрањо сака да се заблагодари за рацете на бројни свештеници. Верувам дека тоа е така, јас тоа така го сфаќам, затоа што не мислам дека јас како личност го заслужувам тоа признание. Да се биде тоа што и досега беше, секогаш служејќи му на Божјиот народ – е желба на монс. Ферочи.

Меѓу 13 идни кардинали, чии имиња папата Фрањо ги кажа во недела за време на пладневниот говор е и името на надбискупот Силвано Марија Томаси, Апостолски нунциј во мирување и постојан набљудувач на Светиот Престол при ОН и специјалните установи во Женева. Надбискупот Томаси изрази изненадување, но и радост при помислата дека тоа признание е за ангажирањето, не само за неговото лично, туку и на екипата која е дел од тоа. Освен тоа, идниот кардинал истакнува дека таквата вест наметнува нова одговорност во понатамошното давање придонес за доброто на Црквата.

Фра Мауро Гамбети ја прима веста со благодарност и радост во духот на послушност на Црквата и служењето на човештвото, во ова тешко време за сите нас. Својот пат го доверувам на свети Фрањо и ги усвојувам неговите зборови за братството. Тоа е дар кој ќе го споделам со своите Божји деца на патот на љубов и сочувство кон ближните, нашите браќа – рече фра Мауро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот