Повик за помош упатен до папата Фрањо од Мариупол

Повик за помош упатен до папата Фрањо од Мариупол

Кардиналот Черни го пренесе писмото кое го доби од еден новинар во Украина кое го потпишаа „мајки, сопруги и деца“ преживеани и сѐ уште забарикадирани во градот кој Русите речиси целосно го разрушија: „Вашата помош во нивната евакуација би била вистински чин на милосрдие.“

Крикот за помош се обидува колку што е можно повеќе да допре од пукањето на проектилите; до Папата до „последното упориште на надежта.“ Изгледа речиси како да се слуша татнежот на артилеријата зад зборовите на долгиот, достоинствен и очајнички апел кој до папата Фрањо го упатија „мајките, сопругите и децата на бранителите на Мариупол“, како што стои во писмото пристигнато во Ватикан, преку кардинал Михаел Черни. Тоа писмо упатено до Светиот Отец сведочи за она што тој го зборува од самиот почеток – истакна кардиналот во разговорот за ватиканските медиуми – посебно во воскресната порака Urbi et Orbi, кога јасно говореше за целосната неразумност на војната.

Писмото на привремениот префектот на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој го достави новинарот Сакен Ајмурзаев, од украинската државна телевизија UATV. На две страници го прикажуваат тоа што вестите веќе премногу недели го говорат, за агонијата на градот-маченик на конфликтот во Украина. Градот е претворен во пепел – стои во писмото, под напади е 24 часа дневно, епицентар на хуманитарната катастрофа без преседан во Европа во XXI век, која сигурно повторно ќе го поттикне прашањето за недопуштање на опсада на градовите, со неселективни напади, неоправдано уништување и неопишливо страдање на оние кои ги штити меѓународното хуманитарно право.

Свети Оче сѐ уште е можно да им се помогне на страдалниците, иако бројот на оние кои не издржуваат секој ден е се поголем – стои во писмото. Жените и децата на оние кои сѐ уште истрајуваат во Мариупол – меѓу кои има и околу стотина жени во униформи главно лекарки и готвачки, му пишуваат на Папата за присуството на стотина ранети, цивили и војници кои се без никаква терапија заради тоа што повеќе нема лекови ниту средства за дезинфекција и затоа мора да се евакуираат од боиштата.

Во писмото посебно се опишува состојба во фабриката во Азовстал фабрика за челик која стана боиштето на одлучувачката битка и во која покрај украинската војска се наоѓаат уште околу 1000 цивили. На почетокот на борбите тие луѓе мислеле дека животот со војниците освен сигурност ќе им пружи и можност да добијат храна, вода и медицинска грижа – стои во писмото. Наместо тоа за многу жени и деца тоа што изгледало тврдина стана замка, недостижна дури и само за достава на храна и вода за пиење.

Таа очајничка петиција упатена е исто така до сите кои имаат можност да помогнат со хуманитарни коридори, со прекин на огнот, што токму во овој момент е потребно во таа ситуација – објасни кардинал Черни и додаде дека тоа е момент во кој, покрај верата и радоста на воскресението потребно е да знаеме истовремено да го носиме трпението и агонијата на нашите браќа и сестри во Украина, како и на бројни други места во светот каде владее таа страшна неразумност на војната.

Жените, децата и ранетите не заслужуваат таква смрт во очите на светот, тие се денешни маченици. Вашата помош во нивната евакуација од Мариупол станува навистина татковски чин, помош на добриот пастир и вистински чин на милосрдието – стои на крајот од писмото упатено до папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот