Најава: Бискупот Стојанов и надбискупот Вукшиќ во недела ќе служат во Струмица и Скопје

Најава: Бискупот Стојанов и надбискупот Вукшиќ во недела ќе служат во Струмица и Скопје

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П. монс. Киро Стојанов во заедништво со Врхбосанскиот надбискуп и Воен ординариј во Босна и Херцеговина Н.В.П. монс. Томо Вукшиќ, во недела 20 ноември 2022 година со почеток во 10.30 часот, ќе служат света архиерејска Литургија во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

Истиот ден бискупот Стојанов и надбискупот Вукшиќ заедно ќе служат и во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје со почеток во 18.00 часот.

Радио Марија ќе врши директен пренос од Струмица и Скопје.

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот