Бискупот Стојанов се сретна со градоначалникот на Загреб

Бискупот Стојанов се сретна со градоначалникот на Загреб

Во среда 20 септември 2017 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов за време на својот повеќедневен престој во Градот Загреб, во придружба на скопскиот парох дон Давор Топиќ, се сретна со градоначалникот на град Загреб, г-дин Милан Бандиќ во неговиот кабинет.

Во срдечната и пријателска средба соговорниците се осврнаа на ситуациите и предизвиците на двата главни града, Загреб и Скопје и ја истакнаа важноста за односи и поврзаност.

Искажувајќи ја својата благодарност до градоначалникот Бандиќ за грижата за Хрватите во Македонија, кои мнозински ја сочинуваат Скопската бискупија, како и добрите односи со Католичката црква во Македонија, бискупот Стојанов спомена исто така дека блажениот кардинал Алојзие Степинац во свое време го подигнал својот глас за слобода на католиците во Македонија.

На крајот од средбата соговорниците разменија пригодни дарови.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот