Бискупот Стојанов во Берлин се сретна со Апостолскиот нунциј во Германија монс. д-р Никола Етеровиќ

Бискупот Стојанов во Берлин се сретна со Апостолскиот нунциј во Германија монс. д-р Никола Етеровиќ

Бискупот Стојанов во сабота 10 јуни 2023 година за време на неговиот престој во Германија во Апостолската нунцијатура во Берлин оствари средба со Апостолскиот нунциј во таа земја надбискупот монс. д-р Никола Етеровиќ.

Средбата помина во срдечна братска и пријателска атмосфера.

Надбискупот Етеровиќ е Хрват, роден во Пучишќ, на островот Брач, Хрватска. Во 1980 година стапува во дипломатската служба на Светиот Престол. Работи во дипломатските претставништва на Ватикан во Брегот на Слоновата Коска, Шпанија, Никарагва и во Одделот на Државниот секретаријат на Светиот Престол за односи со државите. Папата Иван Павле II во 1999 година го именува за Апостолски нунциј во Украина.

Во 2004 година папата Иван Павле II го именува за генерален секретар Епископската синода. На таа функција остана до 21 септември 2013 година, кога папата Фрањо го именува за Апостолски нунциј во Германија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот