Порака на Папата за Средбата за пријателство меѓу народите во Римини

Никогаш не треба да го изгубиш допирот со реалноста и секогаш треба погледот да ти е насочен кон важното – се двете клучни мисли на кои се темели пораката на папата Фрањо по повод 35. Средба за пријателство меѓу народите, кој започна на 24 август во Римини. Во документот кој го потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, Папата меѓу останатото им заблагодарува на организаторите на манифестацијата за изборот на темата, која гласи: „Периферијата на светот и животот.“

Треба да се работи на целта за враќање на важното, а тоа а е Евангелието на Исус Христос – ги поттикна папата Фрањо учесниците на традиционалната средба во Римини и посебно обрна внимание на две работи. Пред сѐ – пишува – не треба да се губи допир со реалноста, уште повеќе треба да бидеме љубители на реалноста. При тоа ги наведе зборовите на дон Гусаниј истакнувајќи дека единствен услов за да бидеме секогаш и навистина побожни е силно да ја живееме реалноста. Тоа е уште поважно во доминантната култура, која на прво место го става надворешното, тоа што е површно и минливо – истакна Светиот Отец.

Затоа Папата повикува погледот да го држиме секогаш насочен на важното. Најтешките проблеми настануваат кога христијанската порака се поистоветува со споредни аспекти, кои не ја изразуваат сржта на навестувањето. И тоа во светот во кој по две илјади години, Исус повторно станува непознат во бројни земји, исто така и на Запад. Заради тоа – стои во пораката – светот во толку брзите промени бара од христијаните да бидат подготвени да бараат облици или начини за пренесување, разбирливо изразување, на непоминливата новост на христијанството. И во тоа треба да бидеме реалисти – додаде папата Фрањо.

Светиот Отец потоа им заблагодари на организаторите на средбата за изборот на темата: „Периферијатаата на светот и животот“ и повторно истакна дека единствено е возможно да се биде Црква, само кога излегува за Евангелието, како што тоа го покажува животот на Исус кој одел од место до место за да го навестува Царството Божјо. Христијанинот не се плаши да се оддели од центарот, да оди на периферијата бидејќи за свој ценатар го има Исус Христос – рече Папата. Само така може да се надвладее опасноста, па и за христијаните, да живеат во индивидуалистичко испразност, изолирани иако се живее со големи количини на потрошувачки добра, за многумина сепак остануваат далеку.

Често преовладуваат начини на живот кои водат до тоа човекот својата надеж да ја положи во економската сигурност или во моќта или пак едноставно во земскиот успех – рече Папата. Очигледно е дека на некои места е дојдено до одредена духовна „дезертификација“, која што е плод на планот на општества кои сакат да се градат без Бог – истакна Светиот Отец потсетувајќи на апостолското писмо „Радоста на Евангелието“. Но, тоа не треба да нѐ обесхрабрува како што истакна Бенедикт XVI,  отворајќи ја годината на верата – рече папата Фрањо – и ги повтори зборовите на почесниот Папа – Во пустината повторно се открива вредноста на она што е важно за животот; така во современиот свет бројни знаци копнеат за Бог, но крајната смисла на животот која често е изразена премолчено или пак во негативни облици. А во пустината најмногу се потребни луѓе со вера, кои самите со својот живот го покажуваат патот кон Ветената земја и така надежта ја одржуваат во живот – истакна папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот