Генерална аудиенција: Секогаш кога молиме и Исус моли со нас

Генерална аудиенција: Секогаш кога молиме и Исус моли со нас

На Генералната аудиенција во среда 28 октомври 2020 година папата Фрањо зборуваше за Христовото крштение на реката Јордан. Со својата молитва, објасни Папата, Исус отвори ‘премин’ на небото како би го донеле Бог и на оние кои се чувствуваат недостојни, во било која ситуација од животот. Катехезата на папата Фрањо ја пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Денес на ова аудиенција, како што тоа го правам и на претходните, ќе останам тука. Многу би сакал да слезам долу и да се поздравам со секој од вас лично, но мораме да држиме растојание, ако пак слезам многумина ќе дојдат да ме поздрават, а тоа се коси со мерките за претпазливост, кои мораме да ги почитуваме заради оваа ‘госпоѓица’ која се вика Ковид и која ни задава многу проблеми. Затоа простете што нема да слезам и да се поздравам: ве поздравувам од тука, но сите ве носам во своето срце. А вие носете ме мене во своето срце и молете се за мене. И со држење на растојание можеме да молиме едни за други. Ви благодарам за разбирањето.

Во нашиот ‘итенерар’ катехезата за молитвата, откако го поминавме Стариот Завет, сега доаѓаме до Исус. И Исус се молел. Почетокот на неговото јавно послание се случува со крштението во реката Јордан. Евангелистите на тоа случување му даваат голема важност. Проповедаат дека целиот народ се собрал на молитва и појаснуваат дека тоа собирање имало јасно покајничко значење (сп. Марко 1,5; Матеј 3,8). Народот доаѓал кај Иван да прими крштение за простување на гревовите: тоа има покајничко значење, значење на преобраќање.

Од тука првиот Исусов јавен настап е учество на молитва со собраниот народ, молитва на народот кој доаѓа да се крсти, покорничка молитва, каде сите признаваат дека се грешници. Затоа Крстителот се спротивставува кога вели: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли – доаѓаш?“ (Матеј 3,14). Крстителот разбира кој е Исус. Но Исус опстанува: Со својот чинот покорува на волјата на Отецот, тоа е чин на солидарност со нашата човечка состојба. Моли со грешниците од Божјиот народ. Да запаметиме: Исус е Праведник, тој не е грешник. Но тој сакаше да слезе кај нас, грешниците и Тој се моли со нас, а кога ние молиме, тој моли со нас. Тој е со нас, затоа што е на небо и моли за нас. Исус секогаш моли со својот народ, секогаш моли со нас, секогаш. Никогаш не молиме сами, секогаш молиме со Исус. Тој не останува на другата страна од реката. „Јас сум праведник, а вие сте грешници“ и со тоа да истакне дека е различен и далек на оние кои не се послушни, туку ги натопува нозете во истата вода за очистување. Се однесува како грешник. И тоа е големината на Бог кој го испрати својот Син, кој се „зароби“ самиoт себе и се појавува како грешник.

Исус не е некој далечен Бог и тоа не може да биде. Со овоплотувањето се објави на целосен и човечки гледано незамислив начин. Значи на почетокот од своето послание Исус се става на чело на народот како покајник, како да прави премин кои сите, после него, мораме да имаме храброст да поминеме. Но тој пат, тоа чекорење е тешко. Но Тој оди, правејќи ни пат. Во Катехизмот на католичката Црква се објаснува дека тоа е новоста дека времето е исполнето. Во Катехизмот се вели: „Синовска молитва, која Отецот ја очекувал од своите деца, конечно ќе ја живее Синот единец во своето човештво, со луѓето и за луѓето“ (бр.2599). Исус се моли со нас. Та го всадиме тоа во нашите умови и срца: Исус моли со нас.

Тој дена на брегот од реката Јордан е присутно значи целото човештво со своите неискажани копнежни молитвени повици. Тука пред сѐ луѓето се грешници; оние кои мислеле дека Бог не може да ги љуби, оние кои не се осудувале да го поминат прагот на храмот, оние кои не се молеле, затоа што не се чувствувале достојни да молат. Исус дојде за сите, па и за нив и на почетокот се придружува токму на нов како предводник.

Пред сѐ во Евангелието според Лука се истакнува атмосферата на молитва во која се одвивало Исусовото крштение: „А кога се крсти сиот народ, и кога Исус, по крштавањето, се помоли на Бога, се отвори небото“ (3,21) Со својата молитва Исус ја отвара небесната врата и преку тој ‘премин’ слегува Светиот Дух. А одозгора гласот ја објавува чудесната вистина: „Ти си Мојот возљубен Син, во Тебе е Мојата волја“ (22). Во таа едноставна реченица е содржано неизмерно богатство: ни дава да претпоставиме нешто од Исусовото таинство и неговото срце кое секогаш е свртено кон Отецот. Во виорот на животот и светот кој ќе го осуди, дури и во најтешките искуства кои ќе мора да ги поднесе, па и кога ќе доживее да нема каде главата да ја наслони (сп. Матеј 8,20) и кога околу него ќе се распали пламен на омраз аи прогонство, Исус никогаш не е без прибежиште: Тој вечно престојува во Отецот.

Ете ја посебната големина на Исусовата молитва: Светиот Дух ја обзема неговата личност и гласот на Отецот сведочи дека Тој е возљубениот Син во кој целиот се огледува.

Таа Исусова молитва која е на брегот од реката Јордан е потполно лична – а така ќе биде и за време на целиот негов земски живот – на Педесетница со милоста ќе стане молитва на сите оние кои се крстени во Христа. Тој самиот го обезбеди тој дар за нас и нѐ повикува да молиме, како што тој молеше.

Затоа, додека молиме навечер, се чувствуваме слабо и празни, ако ни изгледа дека животот е потполно бескорисен, во тој момент мораме да молиме Исусовата молитва да стане исто така и наша. „Денес не можам да молам, не знам што ќе правам; едноставно не можам, недостоен/недостојна сум“. Во тој момент потребно е да му се довериме на него за да моли за нас. Во тој момент Тој е пред Отецот и се моли за нас, тој е застапник; ги покажува раните на Отецот, за нас. Веруваме во тоа! Ако имаме вера, тогаш ќе слушнеме глас од небото, посилен од оној кој се воздигнува од дното на нашето битие и ќе го слушнеме тој глас кој шепоти зборови на нежност: Ти мојот миленик, ти си син, ти си радост на Отецот небесен.“ Токму за нас, за секој од нас одекнува зборот на Отецот: дури и ако сите нѐ отфрлат, дури и да сме грешници најлоши од сите. Исус не слезе во Јордан заради самиот себе, туку поради сите нас. Целиот Божји народ доаѓал на Јордан да моли, да бара простување и да прими покајничко крштение. И како што вели еден теолог, кон Јордан брзале „голи души и боси нозе“. Таква е понизноста. За молитва е потребна понизност. Ја отвори небесата, како што Мојсеј ја подели водата на Црвеното море како би можеле зад него сите да поминеме по суво. Исус нои ја дарува сопствената молитва која е негов дијалог на љубов со Отецот. Ни ја даде како семе на Тројството, која сака да заживее во нашите срца. Да ја прифатиме! Да го прифатиме тој дар, дарот на молитва. Секогаш со него. И нема да погрешиме.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот