Папата: Во Крстот, Божјата милост го опфаќа секој аспект на човештвото

Папата: Во Крстот, Божјата милост го опфаќа секој аспект на човештвото

Во писмо до поглаварот на отците Пасионисти, папата Фрањо изразува надеж дека Меѓународниот теолошки конгрес „ќе придонесе за обновено на разбирањето на современите предизвици во светлината на Мудроста на крстот“.

Папата Фрањо испрати писмо до отец Јоаким Рего, поглавар на отците Пасионисти, по повод Меѓународниот теолошки конгрес на тема „Мудроста на крстот во плуралистичкиот свет“.

Конгресот, поддржан од претседавачот на Папскиот Латерански универзитет Глорија Крусис, „е една од иницијативите на Конгрегацијата на Страдањата на Исус Христос (Пасионисти) за прославата на 300 години од основањето на оваа монашка заедница.“

Навестување на Пасхалното таинство

Во своето писмо, Светиот Отец вели дека Конгресот одговара на желбата на Свети Павле од Крстот – основачот на Пасионистите – „да се осигура дека Пасхалното таинство, центарот на христијанската вера и харизмата на пасионистичката монашка заедница, се навестува и се шири како одговор на божественото милосрдие и се однесува на очекувањата и надежите на светот“.

Тој вели, размислувајќи за Исус на крстот, „ја гледаме секоја човечка димензија опфатена со Божјата милост“. Божјата љубов, продолжува тој, се протега на секоја човечка личност и „достигнува крајности на човечката состојба“, поврзувајќи ја нашата вертикална врска со Бога со хоризонталната врска меѓу сите човечки битиија.

Семето на Словото

Крстот, вели папата Фрањо, ни ја покажува важноста од соединување на разумот со понизноста на срцето. Затоа, теологијата е поканета „да се осврне на најкревките и најконкретните услови на мажите и жените“, избегнувајќи полемики и агенди „самоуверено“ да ги бара „скапоцените семиња што Словото ги расфрла среде нерамната и понекогаш контрадикторна плуралност на култури“.

Папата истакнува дека Крстот е „извор на спасение за луѓето од секое место и секое време“, а особено во моменти, како нашите, кога човештвото е на крстопат.

Соочување со современите предизвици

На крајот, папата Фрањо ја изразува својата надеж дека Теолошкиот конгрес „ќе придонесе за обновено разбирање на современите предизвици во светлината на Мудроста на крстот, со цел да се поттикне евангелизација верна на Божјиот план и внимателна кон човештвото“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот