Папата за отворањето на екуменската катедра во Лопијано

Папата за отворањето на екуменската катедра во Лопијано

„Дијалог“ и „братско пријателство“ помеѓу католиците и православните се двата главни плодови од средбата на екуменскиот патријарх Атенагора и Кјара Љубик, која се случила пред 50 години – истакна папата Фрањо во телеграмата која ја упати до големиот канцелар на универзитетскиот институт „Софија“.

„Дијалог“ и „братско пријателство“ помеѓу католиците и православните се двата главни плодови од средбата на екуменскиот патријарх Атенагора и Кјара Љубик, која се случила пред 50 години – истакна папата Фрањо во телеграмата која ја упати го големиот канцелар на универзитетскиот институт „Софија“, надбискупот на Фиренца, кардинал Џузепе Бетори, по повод отворањето на екуменската катедра која го носи името токму на тој православен патријарх и основателката на Дижењето на фоколарите. Радувајќи за тој „вреден за пофалба“ ангажман кој потсетува на таа средба, Папата го повикува универзитетскиот институт во Лопијано, Италија, следејќи ја сопствената харизма и отворен за делувањето на Духот, да продолжи да биде место на средба и дијалог помеѓу различните религии и култури.

Идејата на екуменската катедра – се вели во соопштението од Движењето на фоколарите – се родила на 26 октомври 2015 година, кога универзитетскиот институт „Софија“ го доделува првиот почесен докторат за културата на единството на екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј. Тој академски проект – изјави заменикот на главниот канцелар, Марија Воче – претставува важен момент во екуменските односи кои се одвивуваат помеѓу сестринските Цркви на Истокот и Западот, и отвораат прекрасни можности за студии фокусирани на дијалогот полн со почитување кој се покажува како оној кој уште повеќе збогатува во меѓусебниот дар на ниво на теолошко размислување и антропологијата на заедништвото.

Катедрата, чии носители се деканот на Институтот монс. Пјеро Кода и митрополитот Максим Венеполус, ја отвори православниот митрополит на Италија и Малта, Генадиос Зервос, одржувајќи предавање на тема „Патријархот Атенагора и Кјара Љубик, главни ликови на единството.“ Своја порака до учесниците на таа средба испрати патријархот Вартоломеј изразувајќи „радост“ и „трогнатост“ заради тој ангжман посветен на „пророчката средба помеѓу двајца големи пионери на современото екуменско движење.“

Односите на пријателство и соработка со екуменскиот патријарх започнуваат во јуни 1967 година кога Кјара Љубик прв пат се среќава со Атенагора, кој ѝ рекол: „Взаемното запознавање е многу важно; многу векови живеевме изолирани, без да се чувствуваме како браќа и сестри, како сираци! Првите десет векови на христијанството се карактеризираат со догмите и уредувањето на Црквата. Во текот на следните десет векови имавме расколи и поделби. Ова трета епоха, е епоха на љубовта.“ Таа средба истакнува Вартоломеј во пораката – не е случаен настан туку „дело на Божјата благодат“ кој е запечатен помеѓу нашиот екуменски патријархат и движењето на фоколарите, заедништвото на христијанската љубов, вистинското пријателство и братската соработка кои продолжуваат сѐ до ден денешен.

Во својата порака патријархот Вартоломеј упатува исто така две татковски охрабрувања вдахнати од името на универзитетскиот институтот во Лопијано и Движењето на фоколарите. Со првото изразува желба која ја упатува до професорите и студентите „секогаш да ја имаат на ум мудроста, Божјата мудрост, а не мудроста на овој свет.“ Второто го упатува до сите кои се придружуваат на харизмата на фоколарините: „Секогаш имајте запален пламен, огнот на верата во Христос, единствениот и вистински Бог, Господ и Спасител на светот, и духот на вистинското братско заедништво кои ја карактеризираат вашата основателка и верна служителка Кјара“ – истакнува на крајот патријархот Вартоломеј.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот