Папа Фрањо испрати видеопорака до Центарот Астали
Мигрантите се дар, а не проблем – истaкна папа Фрањо во видеопораката објавена на 19 април, совпаѓајќи се со претставувањето, одржано во Рим, на Годишниот извештај на Центарот Астали 2016 година за состојбата со барителите на азил и бегалците. Папата повторно повика да се победи затвореноста и рамнодушноста кон бегалците кои се обележје на нашето општество. „Бев странец и ме примивте“ – од овие Исусови зборови од Евангелието според Матеј, папата Фрањо го започна размислувањето во видеопораката и заблагодари на таа установа на Дружбата Исусова за грижа на бегалците и прогонетите.
Иселените кои чукаат на нашата врата имаат Божјо лице
Оној кој бега од војна или поради неправедно распределување на богатствата на планетата, брат е со оној кој треба да подели леб, дом и живот – напомена Папата и додаде – Секој од вас, бегалец, кој чука на нашата врата има Божјо лице, е тело Христово. Вашето искуство создава болка и нè потсетува дека сите сме странци и поклоници на оваа Земја, кои некој ги прими великодушно и без никакви заслуги – исткна Светиот Отец.
Треба да ги надвладееме затвореноста и рамнодушноста на нашите општества
Секој од вас може да биде мост кој поврзува далечни народи кои овозможуваат средба меѓу различни култури и религии, може да биде пат за повторно откривање на нашето заедничко човештво – напомена Папа и истакна – Премногу пати не сме ве примиле! Простете ги затвореноста и рамнодушноста на нашите општества кои се плашат од промена на животот и менталитетот, кој ја бара ваша присутност. Кон вас се постапува како да сте товар, проблем, трошок, а вие сте, напротив, дар. Вие сте сведоштво за тоа како нашиот милостив и милосрден Бог знае да го промени злото и неправдата поради кои трпите, за добро на сите луѓе.
Треба да ја сведочиме убавината на средбата, да го слушаме гласот на бегалците
Напоменувајќи дека Центарот Астали е конкретен и секојдневен пример на ова прифаќање кое произлегува од пророчкото гледање на отецот Педро Арупе, папата Фрањо ги поттикна волонтерите да продолжат да одат по тој пат кој е сè повеќе потребен и кој е еден пат кон помирен соживот. Бидете секогаш сведоци на убавината на средбата. Помогнете му на нашето општество да го слушне гласот на бегалците. Продолжете смело да одите на нивната страна, следете ги и дозволете тие да ве водат; бегалците ги познаваат патиштта кои водат до мир затоа што го познаваат горчливиот мирис на војната – истaкна на крајот папа Фрањо.
РВ/Б.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк