Папа за Straatniuws: Чувајте се од корупција

Секогаш постои опасност од корупција – рече папа Фрањо во разговор за холандскиот уличен весник  Straatnieuws. Во интервјуто, Папата зборуваше за помошта која Црквата ја дава на сиромашните и предупреди дека верникот не може да говори за сиромаштвото, а да живее како фараон.

Разговорот со новинарите е одржан во Домот Света Марта, а тие го опишаа Светиот Отец  како „љубезен, мудар и учен човек со смисла за хумор“. Допреа до многу лични и црковни теми – од детството на Папата во Аргентина и неговата детска желба да стане месар, до грижата за сиромашните и добриот глас кој го ужива.

Светиот Отец напомена дека со владите може да склопуваат договори, но тие мораат да бидат јасни и транспаретни, со чисти сметки за да се избегне корупцијата. Во јавниот живот – дали политички или верски – секога постои опасност од корупција – заклучи папа Фрањо. Призна дека за тоа разговарал со еден министер во Аргентина, кој морал да ја напушти својата служба затоа што не можел да се помири со некои –како што тој кажал – „малку мрачни работи“.

Папата го прашал тој човек: Кога праќате помош, во облик на храна, облека или пари за сиромашните, колку од тоа навистина пристига кај нив? Тој му одговорил: „35% “. Тоа значи дека 65% од помошта се губи. Тоа е корупција: еден дел од тоа оди кај мене, потоа уште еден кај мене и така понатаму – предупреди папа Фрањо.

Прашан за црковните добра, истакна дека тие служат за одржување на структурата на самата Црква, но и за многу дела во сиромашните земји, болници и училишта. Прашан дали некогаш помислил да продаде ватикански добра, Светиот Отец одговорил дека тоа е лекоумно прашање: тоа не се добра на Црквата, туку на човештвото. Личните папски дарови често се продаваат, а добиените пари, Папскиот делител на милостиња ги користи за помош на сиромашните.

Папа Фрањо призна дека сака свет без сиромашни, но и дека секогаш постои човечка алчност, недостаток на солидарност и егоизам. Поради тоа мене ми се чини дека е тешко да се замсили свет без сиромашни. И Црквата, во секој случај, треба да биде сиромашна затоа што – како што кажа – Исус дојде на свет (…) и стана сиромашен. Тоа сите треба да го имаме на ум, вклучувајќи ги и верниците. Но истовремено постои право на достоинствен живот: на работа, дома и земја – потврди Светиот Отец.

Говорејќи за лични теми, повторно истакна дека не очекувал да биде избран за Папа и дека не го изгубил внатрешниот мир. Кажа дека ќе продолжи со својата работа сé додека биде способен. Исто така, рече дека дека подобро би му било да живее во Домот Света Марта затоа што таму се чуствува „слободен“. Иако му недостига можноста да излезе на улица, сепак не му недостига контактот со народот затоа што го има на средбите на Генералните аудиенци или при посети на парохиите.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот