Папата до Католичката акција: Носете го костумот на вашата единственост

Папата до Католичката акција: Носете го костумот на вашата единственост

Среќавајќи се со младите од Католичката акција, Папата ја истакна единственоста, оригиналноста на секој човек и ги поттикна на сите подрачја на секојдневниот живот да го попримат стилот на Божјата близина, сочувствување и нежност затоа што токму Он дава храброст и сила.

Папата Фрањо во Апостолската палата на 18 декември 2021 година прими 70 млади членови на Католичката акција кои со себе, во срцето донесоа голем број свои врсници кои живеат во тажна осаменост заради семејни проблеми, прекинати врски, изневерена доверба.

Осврнувајќи се на овогодинешното мото кое тоа католичко друштво го избра за одење во верата, инспирирано од работата на кројачите гласи: „По твоја мерка“, Папата истакна дека тоа потсетува на костумите направени по мерка, со додатоци прилагодени на различни луѓе. Убав е затоа што секој од нас е единствена личност – додаде Папата. Не сме фотокопија, сите сме оригинали! И важно е секој, секој ден со радост да го носи „костумот“ на сопствената оригиналност, сопствената личност. Замислете во историјата нема никого и нема никогаш да има некој кој е ист со вас. Сите сме различни. Секој од вас е единствена и неповторлива убавина. Секој е оригинален и во добро и во зло.

Така ве гледа Исус, ве сака такви какви што сте, дури и ако некој не ве цени и може да мисли дека не вредите многу. Исус дојде на светот како дете, верува во свет по мерка на детето, по мерка на секого. Тоа ни го покажа раѓајќи се во Витлеем. Но, и денес се зближува со децата во сите земји и во сите народи, и тоа го прави секој ден. Тоа е Божјиот стил кој се опишува во три збора: близина, сочувствување и нежност – истакна Папата.

Поттикнувајќи ги да бидат блиски со членовите на семејствата, пријателите, врсниците и оние во потреба, папата Фрањо истакна дека секогаш може да се направи нешто за другите, не чекајќи другите да направат нешто за нас. Секогаш можеме да бидеме мисионери на Евангелието и тоа насекаде, започнувајќи од средината во која живееме: во семејството, во училиштето, во парохијата, на места за спорт и забава.

Но за тоа да го направиме, за да го попримаме Исусовиот стил, за да бидеме негови сведоци, најпрво треба да му бидеме во близина, да Му направиме место. Да не се плашиме да му посветиме време во молитвта, да му зборуваме за своите пријатели, да бараме од Него помош во тешкотиите, кажете му кога сте среќни и кога сте тажни – поттикна Папата прашувајќи ги младите дали му даваат место на Исус за време на учењето или за време на одморот.

Само Он е способен да ја направи авантурата на животот секогаш нова. Он никогаш не Ве заборава; секогаш е подготвен да ве охрабри и никогаш не престанува да верува во вас. Ние сме тие кои Него го забораваме – рече Светиот Отец и го истакна примерот на исклучителната храброст на Гино Пистони за кој се води постапка за беатификација. Гино починал кога имал 20 години, искрварил додека се обидувал да спаси ранет непријателски војник во нападот на германските специјални сили во 1944 година. На неговата торба е пронајден натписот: „Го давам својот живот за Католичката акција и за Италија – Христос Цар“, имено бил член на Католичката акција од Ивре.

Во светлината на тој подарен живот, папата Фрањо денес на младите им повтори дека секој треба да покаже на сите што има, гледјаќи Го Исуса. Он ви дава сила и храброст секој пат кога одите да се сретнете на светата Литургија и ве гледа радосно, посебно кога правите гестови на споделување и солидарност кон другите, кога сте способни да бидете во близина на оние кои се сами, без пријатели и во тешкотии; кога сте во близина на оние кои страдаат, а за жал има многу ваши врсници кои трпат! Мислете на нив, на тие млади кои не ги познавате. Носете ги во своето срце за да Му зборувате на Исус за нив. Одете храбро напред на вашиот пат на животот. Исус смета на вас! – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот