Надбискупот Силвано Марија Томази: Светиот Престол е како „глас на совеста“

За насилството и меѓународните кризи за Радио Ватикан зборуваше надбискупот Силвано Марија Томази, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите Нации во Женева. Вниманието на меѓународната заедница ја привлече состојбата на Блискиот Исток и беа одржани седници на Советот за човековите права во Ирак, Сирија, но вниманието беше проширено и на Африка, особено на Централноафриканската Република – рече монс. Томази.

Врз основата на тие настојувања желбата е да се пронајде патот до мирот; не на тој начин уништувајќи го човечкиот живот, користејќи ги сите средства на располагање за одржување на бескорисните – поточно за штетните конфликти – туку за развој на животот на луѓето. Во однос на Блискиот Исток, нагласена е потребата не само за постигнување на примирие, со што би се овозможило да се пружи хуманитарна помош, туку да им се загарантира слободата на луѓето достојна за уживање на нивните човекови права – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол.

Како христијани – продолжи надбискупот Томази – треба секогаш да бидеме оптимисти, знаејќи дека Ппжровидноста ја води историјата. Сепак, се наоѓаме пред еден вид на отсуство на политичка волја да се реши, пред сѐ, состојбата каде што се врши насилството, а која ја гледаме во различните делови на светот, особено на подрачјето на Блискиот Исток. Насилството не носи никакви конструктивни резултати. Треба да одиме против менталитетот за кој насилниот конфликт е единствен начин за решавање на тешките проблеми.

Постојат и други средства: потребно е да се изгради доверба како би можеле да разговараме и да пронајдеме разумни компромиси кои им овозможуваат на сите луѓе – без разлика на нивното верско или политичко убедување – еден соживот без насилство и насочување на нивните настојувања кон заедничко добро – рече монс. Томази, додавајќи дека со таа цел можеме да се соочиме, доколку трговијата со оружје и интересите за секаква моќ ја ставиме на второ место, а на прво ги ставиме интересите на луѓето и нивната добра инспирација.

Во тој контекст улогата на Светиот Престол е „како мал глас на совеста“, рече надбискупот Томази. Ние не сме економска ниту воена моќ: хелебардите на Швајцарската гарда не можат да направат ништо против современото оружје, дури и кога тоа би го сакале. Мисијата на папската дипломација е да биде глас на совеста кој ќе потсетува дека се за заедничка иднина на човечкото семејство за најзначајната вредност на мирот, меѓусебното почитување и солидарност со оние кои имаат најголема потреба – рече на крајот постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите Нации.

РВ/З.А,

Категорија: Ватикан

За авторот