Кардинал Паролин ја посети палестинската амбасада во Светиот Престол

Кардинал Паролин ја посети палестинската амбасада во Светиот Престол

Државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, во вторникот на 17 октомври ја посети палестинската амбасада при Светиот Престол и изрази загриженост за заложниците кои ги држи Хамас и за хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

Државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, во вторникот наутро, на 17 октомври, ја посети палестинската амбасада во Светиот Престол, каде што ја повтори својата осуда за терористичкиот напад на Хамас врз Израел и изрази сериозна загриженост за заложниците.

Тој потврди дека актуелните случувања не придонесуваат за воспоставување на мирот и даде уверување дека Светиот Престол ги смета за легитимни аспирациите на палестинскиот народ да бидат застапувани од државата Палестина.

На крајот, тој ја изрази загриженоста на Светиот Престол за хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот