Папата: Kултурата на благосостојба не ни помага да го следиме Исус
Ватикан, 27.5.2013 /к.мк/ – За да го следиме Исус треба да се ослободиме од културата на благосостојба и шармот на привременото. Тоа го истакна папата Фрањо на 27 мај, за време на литургијата во капелата на домот Света Марта во Ватикан. Папата исто така, истакна дека треба да направиме испит на совеста за нашите богатства, кои ни пречат да се приближиме до Исус. Во Литургијата, служена заедно со кардиналот Филип Барбарен, архиепископ на Лион, присуствуваше и група соработници од Папскиот совет за пасторал со болни, предводени од Претседателот на советот монсињор Сигмунд Жимовски и група соработници од економскиот оддел на ватиканската управа, предводени од Сабатино Наполитано.
Во проповедта папата Фрањо се задржа на Евангелието во кое Исус бара од еден млад човек да оди и да продаде се што има и да го раздаде на сиромаси, а потоа да дојде и да врви по Него. Но тој си отиде нажален (…). „Богатството е пречка“, бидејќи „не го олеснува патот кон царството Божјо“, веднаш истакна папата Фрањо. Од друга страна, предупреди дека „секој од нас има свои богатства“. Секогаш има едно богатство „што ни пречи да одиме поблиску до Исус“. И тоа треба да го побараме. Сите „мора да направиме испит на совест за тоа кои се нашите богатства што ни пречат на нашиот животен пат да се доближиме до Исус“. Папата се задржа на две „културолошки богатства“: богатството на културата на благосостојбата, што ни ја намалува храброста, нѐ прави мрзливи и егоисти“. Благосостојбата „нѐ анестезира, таа е како анестезија“:
„Не повеќе од едно дете! Не, затоа што не можеме да одиме на одмор, не можеме да одиме таму, не можеме да купиме куќа. Добро е да Го следиме Господ, но само до одреден степен. Тоа е она што го прави богатиот: сите знаеме подобро што е благосостојбата, но таа нѐ фрла на земја, нѐ ослободува од оваа храброст, од оваа голема храброст: да бидеме поблиску до Исус. Ова е првото богатство од нашата денешна култура, културата на благосостојбата“.
Покрај тоа, постои „едно друго богатство на нашата култура“, едно богатство што ни пречи да се приближиме до Исус: тоа се привремените работи “. Ние, сме „вљубени во привремените работи“, истакна Папата, „Конечните предлози кои ни ги нуди Исус, рече: „не ни се допаѓаат“. Ги сакаме привремените работи, бидејќи „се плашиме од Божјото време“, што е дефинитивно:
„Тој е Господар на времето, ние сме господари на моментот. Зошто? Бидејќи во моментов сме господари: до тука јас го следам Господ, а потоа ќе видам … Слушнав дека некој сака да стане свештеник, но за десет години, не повеќе … Колку парови, колку парови склопуваат брак, а во срцето потајно си говорат: „додека трае љубовта, а потоа ќе видиме …“ Шармот на привремените работи: тоа е едно богатство. Треба да станеме господари на времето, да го скратиме времето на моментот. Овие две богатства се оние кои во овој момент ни пречат да одиме напред. Мислам на многу мажи и жени, кои оставајќи ја својата земја одат како мисионери за целиот свој живот: тоа е конечната одлука!“
„Но мислам за многуте мажи и жени, кои го оставаат својот дом, за да се оженат за цел живот“, за „да го следат Исус одблизу! Тоа е конечна одлука!“. Привременото не значи „да Го следиш Христос“, туку е „наша територија“.
„Пред поканата од Исус, пред овие две културни богатства апостолите се збунети. Ние исто така можеме да бидеме збунети од тоа Слово на Исус. Кога Исус објаснува нешто, тие уште се збунети. Да бараме од Господа да ни даде храброст за да одиме напред, ослободувајќи се од оваа култура на благосостојбата, со надеж да стигнеме на крајот од патот, каде Тој нѐ очекува во времето. Но не со малата надеж на моментот, која не ни е повеќе потребна. Нека биде така!“ (В.Н.)