Папата ja прими делегацијата на Финската лутеранска Црква

Христијаните се повикани на сé повеќе единство, движејќи се надвор од застарените идеи и воздржаности – истакна Светиот Отец во говорот до екуменската делегација на Финската лутеранска Црква, чии членови  ги прими на 18 јануари на аудиенција, по повод нивното традиционалноо поклонение во Рим за празникот на Хенрик и за Молитвената осмина за единство на христијаните. Папата ја истaкна важноста на заедничкото христијанско сведочење во светот кој е често обележан со конфликти и секуларизам.

Екуменското поклонение има намера да истакне дека „сведочењето на Исус Христос е темел на единството“ – рече Папата истакнувајќи го значењето на посетата на Петровиот Престол од страна на делегацијата на Финската лутеранска Црква, која беше предводена од хелсиншкиот лутерански епископ Ирја Аскол. Папата изрази задоволство за постигнатите резултати во дијалогот помеѓу лутераните и католиците. Важни претходни чекори направени заедно градат цврсти темели на заедничкиот живот во верата и духовноста, а и односите се сé повеќе обземени со духот на сериозно соочување и братско размислување – истакна Светиот Отец.

Во библискиот текст кој се однесува на Молитвената недела за  единство на христијаните, кој започна на 18 јануари, многу добро е истакнат заедничкиот повик на сите христијани: Но вие сте род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени, за да ги возвестите совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својата чудна светлина (1 Петрово 2,9).

Сé досега во нашиот дијалог постојат некои разлики во науката и праксата, но тоа не треба да ја спречува желбата да одиме заедно. Тоа нас не треба да нé обесхрабри, туку уште повеќе да нé поттикне да го продолжиме заедничкото чекорење кон разбирање и воздржаност. Повикани сме да се обединиме во светот, кој е често уништуван со конфликти и обележан со секуларизам и рамнодушност; да се заземеме за сведочењето на Исус Христос, станувајќи поверодостојни сведоци на единството, градители на мирот и помирување – заклучи папа Фрањо.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот