Папата на бдението: Влегување во таинството

Оваа е ноќ на бдение. Господ не дреме и не спие, Господ е Твој чувар (Пс 120,4) за да го изведе од ропството и да му го отвори патот на слободата. Господ бдее, а со моќта на својата љубов го води народот преку Црвеното Море; Исус пак низ бездната на смртта и пеколот – истакна Светиот Отец.

Оваа е ноќ на бдение. Господ не дреме и не спие, Господ е Твој чувар (Пс 120,4) за да го изведе од ропството и да му го отвори патот на слободата. Господ бдее, а со моќта на својата љубов го води народот преку Црвеното Море; Исус пак низ бездната на смртта и пеколот – истакна Светиот Отец во проповедта на Молитвеното бдение во базиликата Свети Петар.

Таа била ноќ на бдение за Исусовите ученици и ученички, ноќ на жалост и страв. Мажите биле затворени во Џенаколо (салата на Последната вечера). Жените пак в зори на првиот ден по саботата отишле на гробот за да го помажат Исусовото тело. Биле возбудени и се прашувале: „Како ќе влеземе (во гробот); кој ќе го тргне каменот? Веднаш го забележале првиот знак: големиот камен веќе бил тргнат и гробот отворен! – рече Папата.

Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта… (Мк 16,5). Жените биле први кои го виделе тој голем знак – празниот гроб – и први влегле… „Штом влегоа во гробот“. Добро е во таа ноќ на бдение да застанеме и да размислиме за искуството на Исусовите ученички, бидејќи и на нас се однесува. Всушност, овде сме за да влеземе во таинството кое Бог го исполнил со своето бдеење на љубовта – рече папата Фрањо.

Воскресението не може да се сфати ако не се влезе во таинството. Тоа не е само интелектуален чин, ниту само спознание или продирање… Воскресението е многу повеќе од тоа! „Да влезеш во таинството“ значи да бидеш способен да се чудиш, да контемплираш; значи способност за слушање во тишината и да го слушнеш благиот ветар на тишината во кој Бог ни зборува (3 Царства 19, 12).

Влегувањето во таинството од нас бара да не се плашиме од реалноста: да не се затвораме во себе, да не бегаме од тоа што не го сфаќаме, да не ги затвораме очите пред проблемите, ниту да ги негираме, да не избегнуваме прашања… Да влезеш во таинството значи да ја напуштиш својата комотна сигурност, сопствената мрзеливост и рамнодушност кои нè кочат и да трагаме по вистината, убавината и љубовта; да бараме длабока смисла, вистински одговор на прашањата кои ја доведуваат во криза нашата вера, верност и нашиот разум – рече Папата.

За да влеземе во таинството потребна е понизност; понизност на самопонижување, слегување од престолот на сопственото и горделивото јас, од нашата замисленост; понизност да се признаеме такви какви што сме: созданија со добри и лоши карактеристики, грешници на кои им е потребна прошка. За да се влезе во таинството потребно е да се понизиш и да ја признаеш сопствената немоќ, да се испразниш од своето идолопоклонство. Потребна е адорација (обожавање, поклонување на Бог). Во таинството не може да се влезе ако не Му се поклониме – рече папата Фрањо.

Исусовите ученици нè учат на тоа. Тие таа ноќ останале будни заедно со Мајката. Дева Марија им помогнала да ја сочуваат верата и надежта. Не биле затвореници на болката и стравот, туку во зорите излегле носејќи ги во рацете мирисите, со срце помазано со љубов. Излегле, нашле празен гроб и влегле. Бдееле, излегле и влегле во Таинството. Од нив да научиме да бдееме со Бог и Марија, нашата Мајка за да влеземе во Таинството кое од смртта нè води во живот – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот