Мајката на Кристијано Роналдо му подари на папата Фрањо дрес од нејзниот син

Мајката на Кристијано Роналдо му подари на папата Фрањо дрес од нејзниот син

На крајот од Генералната аудиенција во среда 9 февруари 2022 година, мајката на славниот португалски фудбалер го поздрави папата Фрањо подарувајќи му црвен дрес на Манчестер Јунајтед.

„Како е Кристијано? – се интересираше Папата за познатиот ирач на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, на крајот од Генералната аудиенција кога беше пречекан во салата Павле VI од мајката на португалскиот фудбалер која беше присутна на аудиенцијата. Госпоѓа Марија Долорес дос Сантос Вивеирос да Авеиро му подари на Папата фудбалски дрес на Манчестер Јунајтед од нејзиниот син, а потоа прими благословот од папата Фрањо.

Дар од Бога

Во 2014 година, по повод објавувањето на книгата „Mae Coragem“, Долорес откри дека раѓањето на нејзиниот син е дар од Бога. Жената рече дека додека го носела малиот Кристијан за време на бременоста, веќе имала три деца и дека економската состојба на семејството била несигурна. Не сакала да ја продолжи бременоста, но на крајот се родило тоа бебе. „Кога Кристијано ми кажа дека ќе стане татко“, додаде г-ѓа Долорес, „ме замоли да му помогнам да ги воспитува децата, давајќи ја истата љубов што отсекогаш му ја давав нему, неговиот брат и неговите сестри“.

Семејство, љубов и пријателство

Пред три дена Кристијано Роналдо го прослави својот 37 роденден. „Животот – напиша тој на социјалните мрежи – е ридска железница. Напорна работа, голема брзина, итни цели, многу очекувања… но на крајот сѐ се сведува на семејството, љубовта, искреноста, пријателството, вредностите кои го прават вреден.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот