Благодарност на папата Фрањо до здравствените работници: Секој ден го покажуваат јунаштвото

Благодарност на папата Фрањо до здравствените работници: Секој ден го покажуваат јунаштвото

Во центарот на мислите на Папата по молитвата Ангел Господов беа здравтвените работници, кои го слават Националниот ден на здравствените работници

Мора да се потсетиме на бројни лекари, медицински сестри и техничари, волонтери кои се блиску до болните, кои ги лекуваат, прават подобро да се чувствуваат, им помагаат, рече Папата, нагласувајќи ја повторно мислата дека „никој не се спасува сам“.

Во болеста ни треба некој да нѐ спаси, да ни помогне. Сеќавајќи се на еден разговор со некој лекар, Папата раскажа дека му кажал дека пациентот кој умирал во екот пандемија побарал од него „да го фати за рака“.

Здравствените работници посебно го покажаа своето јунаштво за време на пандемијата, но тие се јунаци секојдневно, истакна Светиот Отец, искажувајќи им благодарност. За нашите медицинските сестри и техничари, волонтери да упатиме аплауз и голема благодарност!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот