Папата изрази болка поради нападите во Буркина Фасо, повикувајќи на промоција на вредноста на мирот

Папата изрази болка поради нападите во Буркина Фасо, повикувајќи на промоција на вредноста на мирот

Папата Фрањо изрази жалење за луѓето кои ги загубија животите во терористичките напади на црква и џамија во Буркина Фасо и повика на почитување на местата за богослужба и промовирање на вредноста на мирот.

Папата Фрањо изрази жалење за трагичниот терористички напад во неделата на 25 февруари за време на светата миса во Католичката црква и за нападот на џамијата во Буркина Фасо додека муслиманските верници се собраа на утринската молитва.

Во телеграмата со сочувство потпишана во негово име од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин, Папата го повтори своето цврсто уверување дека „омразата не е решение за конфликтите“.

Зборовите на Папата за близина доаѓаат во време кога христијанската заедница во западноафриканската земја е скршена од трагичниот терористички напад во кој беа убиени 15 верници во католичката црква во Есакане.

Вториот напад се случи во џамија во Натијабоани во источна Буркина Фасо, во кој исто така беа убиени десетици луѓе истиот ден.

Tелеграмата со сочувство до бискупот Лоран Дабире, претседател на бискупската конференција на Буркина Фасо и Нигер. Папата Фрањо истакна дека се моли за душите на починатите, „доверувајќи ги на Божја милост и за оздравување на повредените“.

Потсетувајќи дека „омразата не е решение за конфликтите“, Папата побара почитување на светите места и повика на „борба против насилството за промовирање на вредностите на мирот“.

Телеграмата со сочувство на Светиот Отец ја заврши посакувајќи Божји благослов за синовите и ќерките на Буркина Фасо, како и за целата нација.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот