Папата ја повика Римската курија молитвено да ги доживее духовните вежби во Великиот пост

Папата ја повика Римската курија молитвено да ги доживее духовните вежби во Великиот пост

Во првата недела од Великиот пост, активностите на папата Фрањо ќе бидат прекинати бидејќи Светиот Отец и највисоките службеници на Римската курија деновите ќе ги посветат на приватни, молитвени духовни вежби.

Папата Фрањо и Римската курија првата недела од Великиот пост ќе ја посветат на духовни вежби, фокусирани на приватна, лична молитва, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник 15 јануари 2024 година. Исто така, објавено е дека Папата ги повика кардиналите кои престојуваат во Рим, префектите на ватиканските дикастерии и поглаварите на Римската курија да одвојат една недела за интензивна молитва.

Таа недела активностите на папата Фрањо ќе бидат прекинати вклучително и Генералната аудиенција во среда, 21 февруари. Следниот јавен настан на Папата се очекува да биде Ангел Господов во недела, на 25 февруари.

Светиот Отец ги покани највисоките службеници на Римската курија лично да доживеат период на духовни вежби.

За да го олесни нивното лично повлекување, тој ги замоли да ги прекинат работните активности и да се вклучат во молитва од недела попладне 18 февруари до петок попладне 23 февруари.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот