Папата се сретна со парламентарци католици

Папата се сретна со парламентарци католици

Папата Фрањо по пладневната молитва во неделата на 27 август 2017 година се сретна со учесниците на конференцијата на Меѓународната мрежа на парламентарци католици кои ги прими на кратка средба во салата Клементина.

Во говорот до учесниците на конференцијата на Меѓународната мрежа на парламентарци католици, кои после пладневниот наговор на 27 август 2017 година ги прими во салата Клементина во Ватикан, папата Фрањо им изрази добредојде, поздравувајќи ги сите учесници, а посебно кардинал Кристоф Шонборн и претседателот Кристијан Алтинг фон Гесау.

Папата рече дека знае дека овогодинешната средба собра поголем број учесници отколку поранешните нивни средби, а самите учесници претставија „широк спектар на политичко и законодавно искуство, нагласувајќи ја уште појасно колективната човечка реалност која ја одржува универзалноста на Црквата.“

Посебно ми е мило што учеството на членови од различни африкански земји е во пораст. Ова година и покрај низата важни теми, се фокусиравте на христијанското гледање на човечката личност. Ве охрабрувам: кога ќе се вратите во својата земја, спознајте ги плодовите од своето размислување, за тоа како католичката вера води кон исправно разбирање на личноста“ – рече Светиот Отец.

Додека придонесот на Црквата за големи прашања во општествата на нашето време, често може да се доведе во прашање, важно е вашата ангажираност постојано da е исполнета со нејзината морална и социјална наука, за да се изгради похумано и поправедно општество. Законите кои ги донесувате и спроведувате треба да градат мостови на дијалог меѓу различни политички гледишта, дури кога тие се вклопуваат во одредена цел, заради промовирање на поголема грижа за ранливите и маргинализираните, посебно за оние кои се присилени да ја напуштат својата татковина, но и за промовирање на исправна човечка и природна екологија  – рече Папата.

„Среде страдањата на народите ве молам да продолжите да гледате кон Христос, чија љубов ќе ве вдахне за Духот – преку размената на даровите – може да нѐ доведе поблиску до вистината и добрината. Во своето професионално делување секогаш да можете да ја донесувате радосната вест за Исус; дека никој не е безначаен; дека никој, и ниту во било кој период од свој живот не смее да се отфрли, вас и на луѓето на кои им служете, ве доверувам под заштита на Пресвета Богородица, Мајка на Црквата и со задоволство ви го поделувам Апостолскиот благослов – рече на крајот од кратката средба папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот