Папата ги поздрави монахињите и волонтерите во амбулантата Света Марта

Папата ги поздрави монахињите и волонтерите во амбулантата Света Марта

Голема радост владееше во салата Павле VI која беше исполнеѕа со децата и вработени од амбулантата света Марта, која дава помош на деца, посебно на новороденчињата со потешкотии. Папата заедно со децата ги изгасна свеќите на тортата за неговиот роденден.

Не е лесно да се работи со деца, но тоа нѐ учи, за да ја сфатиме реалноста на животот, дека треба да се спуштиме онака како што тоа го правиме кога сакаме да бакнеме некое дете. Арогантните луѓе не можат да го разберат животот, затоа што не се способни да се спуштат – со тие зборови Светиот Отец пред молитвата Ангел Господов во недела 16 декември во салата Павле VI се обрати на монахињите од заедницата на Ќерки на милосрдието од свети Викентиј Павелски, волонтерите од амбулантата Света Марта, родителите и децата на кои им помага таа установа, која овозможува лекарска помомш на деца со потешкотии, од целиот свет и тоа без разлика на раса, националност или религијата.

Способност за спуштање

Сите ние на децата им даваме многу – рече Папата благодарејќи на присутните лекари и чесни сестри и додаде: Но останува нјаважната порака. Да знаеме да се спуштаме, да бидеме понизни и така ќе научиме да го разбираме животот и луѓето. Сите вие ја имате таа способност да се спуштите, и ви благодарам за тоа – истакна Папата.

Торта за Папата

Кога папата Фрањо пристигна во салата Павле VI., го поздрави секое дете посебно и седна меѓу нив на скалите. Тие го пречекаа радосно, со распеана божиќна атмосфера и голема торта за роденденот кој го слави во понеделник 17 декември. Во краткиот поздрав Папата се запраша што би направила Марија за да не се прелади Детето Исус, или да не добие грип. Не сум сигурен дали во Назарет или во Египет имало амбуланта, но едно знам сигурно, Богородица кога би живеела во Рим, би го донела детето во вашата амбуланта – рече Папата.

Потоа папата Фрањо слушна две сведоштва од деца, и две од мајки, едната од Перу, а другата од Мароко. Потоа на сите Светиот Отец им посака среќен Божиќ и им дарува чоколадни бонбони.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот