Папата: Црквата не ги напушта семејствата и бегалците

Молитвена и делотворна солидарност со секое семејство кое моралод а побегне од својата таковина поради судири и бара подобра иднина во далечните земји – вети папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов

Пред молитвата Ангел Господов на 25 октомври 2015 година, која следуваше после светата Литургија во базиликата Свети Петар, Папата потсети дека Синодата завршии ги повика ситеда се заблагодарат на Бог за тринеделната и интензивна работа во духот на вистинко заедништво, што е и Божји дар и која несмонено ќе донесе многу плодови.

Папа Фрањо повторно потсети дека зборот „синода“ значи „да се оди заедно“, што беше и искуство на Црквата која се наоѓа на пат, особено што се однесува на семејствата на светиот Божји народ, распространети по целиот свет. Исто така, потсетувајќи на денешното читање од пророкот Јеремија, Римскиот Епископ радосно ја поврза со синодата, чии учесници исто така се дојдени со своите различности и од сите краеви на земјата; и кои сега, откако се дојдени жалосни, се враќаат утешени и со песна (Јеремија 31, 8-9).

Првиот кој со нас и во нас сакаше да оди; со нас да биде на „синодата“, е всушност Тој, нашиот Отец. Неговиот Син отсекогаш го собираше народот; го водеше и го доведе во земјата на слободата и мирот. Тој народ се состои од семејства: тука се и бремената жена и родилката – рече Светиот Отец – и тоа е народот кој во одот, со Божји благослов, ќе го промовира животот.

Тоа е народот кој не ги исклучува сиромашните и несреќните, туку напротив ги вклучува: меѓу нив се „слепи и хроми“. Тоа е семејство на сите семејства во кое оној кој е во неволја не се наоѓа на работ, ниту е оставен на почетокот, туку успева да оди во чекор со другите, затоа што народот патува со брзината на последниот; како што тоа се прави во семејството и како што нас нé учи Господ, кој стана сиромашен со сиромашните, мал со малите, последен со последните. Не го направи тоа за да ги исклучи богатите, големите и оние на чело, туку го прави она што е единствен начин да се спасат и овие; да се спасат сите: оди со малите, исклучените и последните – истакна Папата.

Папа Фрањо се сети и на бегалските семејства и народи дојдени во Европа. И за нив Бог говори: „отидоа да плачат… ќе ги утешам“. „И семејствата, протерани од своите огништа, беа со нас на синодата; во нашите молитви и тоа преку своите пастири присутни на синодата. Тие и понатаму остануваат со нас, затоа што Црквата не ги напушта, тие се дел од Божјиот народ и Бог сака да ги ослободи од ропството и да ги изведе на слобода“ – рече Светиот Отец.

Во ова се огледува Божјиот збор – дали нашето искуство на синодата, дали драмата на бегалците кои минуваат во Европа. Нека  Господ по застапништво на Дева Марија ни помогне упатствата кои произлегоа на виделина од синодата, да ги оствариме во стилот на братското заедништво.

После молитвата и благословот, Светиот Отец, по својот обичај, ги поздрави заедниците и ходочасниците кои пристигнаа од разни краеви на Италија и светот и на сите им се препорача во нивните молитви.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот