Папата Фрањо ја прими бразилската претседателка Русеф
Папата Фрањо во петок вечерта, 21 февруари ја прими претседателката на Бразил, Дилма Русеф, која ќе присуствува на именувањето за кардинал на монс. Орани Темпеста, архиепископ на Рио де Жанеиро. „Срдечниот и долг разговор беше повод Папата уште еднаш да ги искаже убавите чувства кон целиот бразилски народ”, рече во изјавата директорот на Канцелраијата за печат при Светата Столица, отец Федерико Ломбарди.
На крајот од аудиенцијата, во соседната сала, Папата ја поздрави делегацијата која ја придружуваше претседателката. При размената на поклони, „беше очигледна најавата на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во јуни во Бразил, при што претседателката Дилма Русеф на Папата му подари дрес на национаниот тим на Бразил и тоа со бројот 10, а потпишан од Пеле: „За папата Фрањо со почит и восхит.” Исто така и фудбалска топка со потписот на Роналдо на која стои напишано: „Голема прегратка на папата Фрањо од пријателот Роналдо”. „Шегувајќи се Папата рече дека овие дарови го повикуваат да се моли за Бразил да победи на првенството“ – рече отец Ломбарди. Папата Фрањо на бразилската претседателка и подари икона „ Ангел на мирот“.
РВ/го*ко