Кардинал Ре делегат на Папата за прославата во Апарецида

Кардинал Ре делегат на Папата за прославата во Апарецида

Папата Фрањо го именуваше кардинал Џовани Батиста Ре, за свој посебен делегат на прославата за 300 годишнина од пронаоѓањето на статуата Нашата Пресвета Богородица од Апарецида, заштитничка на Бразил.

Папата Фрањо го именуваше кардинал Џовани Батиста Ре, поранешен префект на Конгрегацијата за епископи и поранешен претседател на Папската комисија за Латинска Америка, за свој посебен делегат на прославата за 300 годишнина од пронаоѓањето на статуата Нашата Пресвета Богородица од Апарецида, заштитничка на Бразил. Прославата ќе се одржи во националното светилиште во Апарецида од 10 до 12 октоври оваа година.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот