Писмо на Папата до семејствата во светот

Молитвена подршка – побара папата Фрањо во Писмото до семејствата, упатено по повод вонредното собрание на Епископската синода, која ќе се одржи во октомври оваа година на тема: „Пасторалните предизивци во контекст на евангелизацијата“. Во писмото, кое е објавено на 25 февруари, Светиот Отец потсетува дека Црквата е повикана да го навестува Евангелието, соочувајќи се исто така со нови пасторални проблеми кои се однесуваат на семејствата.

Одлучувајќи да се обрати до семејствата, папата Фрањо реши – како што пишува – да се појави директно на „праговите“ од нивните домови. Поради тоа потсетува дека следната синода го вклучува целиот Божји народ, од епископи до свештеници, како и богопосветени лаици во месните Цркви низ светот, кои активно се вклучени во нејзината подготовка, со конкретни предлози, а неопходен е и молитвениот допринос. Тоа е накратко што Светиот Отец бара од семејствата од целиот свет.

Молитвената подршка е многу потребна и значајна, а посебно молитвата на „саканите семејства“ – пишува Папата. Имено Синодата на посебен начин им е посветена на нив, нивниот повик и послание во Црквата и општеството, проблемите во бракот, семејниот живот, проблемот со воспитувањето на децата, како и улогата на семејството во посланието на Црквата. Поради тоа Папата поттикнува на силна молитва до Светиот Дух, за да ги просветли синодалните оци и да ги води во нивната одговорна задача. Молитвата на семејствата за Синодата ќе биде скапоцено богатсво со кое ќе се обогати Црквата.

Презентирајќи го Писмото на Папата, архиепископот Виченцо Паглија, претстедател на Папскиот совет за семејство, забележи дека Светиот Отец се обидува да го направи ова со цел семејствата да не бидат објект на внимание, туку субјект на синодалното чекорење, бидејќи тие го составуваат поголемиот дел од Црквата, и се обележени со светата тајна Венчание.

Во тоа писмо папата Фрањо објаснува дека по оваа синода, следната година ќе се одржи редовна, која исто така ќе биде посветена на семејството. А во септември 2015 година, во Филаделфија ќе се одржи Светска средба на семејствата. Желбата на Папата е низ тие настани во Црквата да се помине низ вистински пат на расудување, како и примените соодветни пасторални средства да им помогнат на семејствата за да се соочат со сегашните предизивици, а со помош на светлото и силата која доаѓа од Евангелието.

Осврнувајќи се на празникот Сретение Господово, денот кога го напиша Писмото до Семејствата и потсетувајќи на моментот кога Богородица и свети Јосиф со Младенецот се сретнуваат со две стари лица, Симон и Ана, Папата истакна дека тој настан на кој Исус собра двајца млади родители и две стари лица е можен бидејќи Исус дава генерациите да се сретнуваат и ги соединува. Тој е неицрпен извор на љубов која ја победува секоја затвореност, секоја осаменост, секоја тага, истакна папата Фрањо.

На семејниот пат се делат бројни убави моменти – рече Светиот Отец – оброци и одмор, работа дома и забава, молитва и патување, поклоненија, дела на солидарност. Меѓутоа, ако недостасува љубов, недостасува и радоста, а вистинската љубов ни ја дарува Исус; тој ни го нуди своето Слово, кое го осветлува нашиот пат; ни дава Леб на животот, кој ни помога во секојдневниот напор на нашето чекорење.

Папата бара „помош“ од христијанските семејства; бара од нив да се почувствуваат одговорни за своето послание во овој наш, збунет и немирен свет – рече архиепископот Паглија, презентриајќи го Писмото на Папата упатено до семејствата.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот