Папскиот нунциј во Дамаск до светските медиуми: Не ја заборавајте Сирија

Папскиот нунциј во Дамаск до светските медиуми: Не ја заборавајте Сирија

„Не ја заборавајте Сирија!“: Овој апел го упати до медиумите во целиот свет, преку ватиканскиот официјален весник Осерваторе Романо, апостолскиот нунциј во Дамаск монс. Марио Зенири.

Папскиот претставник ја изразува својата загриженост за „големото молчење“ на меѓународните медиуми за ситуацијата во земјата. Сепак, сѐ уште „Сирија е бојно поле“, а некои области се подложени на вистински „огнен потоп“, вели монс. Зенари. Луѓето живеат во крајна беда.

„Овде, во Дамаск, бомби паѓаат само во некои области, како во стариот град или во христијанските квартови, но на 15 километри на исток, во источна Гута, борбите и бомбардирањето продолжуваат и е вистински огнен потоп – вели Папскиот нунциј. Ситуацијата е ужасна. Христијаните поминуваат низ исклучително тежок момент. Има стотици илјади жртви. Сите ги оплакуваат своите мртви роднини, но култните места се разрушени. Целото население страда од злосторствата, не само христијаните. Точно е дека во некои подрачја христијаните се цел, но кај сите владее стравот и фрустрацијата.“

„Хуманитарната помош се поделува со „пипетка“ рече монс. Зенари. „Сведоштво за тоа се постојаните апели на УНИЦЕФ. Стотици деца живеат во услови на неисхранетост. 69% од населението во Сирија живее во услови на екстремна сиромаштија. Луѓето преживуваат, готвејќи лисја и треви. Нема што да се јаде. На санитарно ниво ситуацијата е во колапс. Со самиот факт дека две третини од медицинскиот персонал ја напушти земјата, ја дава сликата за катастрофалната ситуација во која се наоѓаме.“

Папскиот нунциј зборува за недостатокот на вниманието од медиумите за реалната ситуација во Сирија: „Се верува дека по поразот на т.н. Исламска држава, елиминирана на 90% од територијата на земјата, Сирија оди кон нормализација. Но, ИСИС беше само дел од сирискиот проблем и напорите беа насочени кон договор помеѓу различните внатрешни групи. Сепак, тоа се претвори во централен проблем. Сите земји присутни во Сирија, луѓе и оружје, немаат договор едни со други. Сите против сите. ООН и дипломатски напори треба да бидат поддржани во потрага по договор за замолчување на оружјето. Светот не смее да го заборави страдањата во Сирија, чии жртви се цивилното население и децата. Не заборавајте ја Сирија! “

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот