Папата: „Не“ за клерикализација на лаиците, „да“ за жените на управни места

Папата: „Не“ за клерикализација на лаиците, „да“ за жените на управни места

На учесниците на Првото Генерално собрание на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, Папата ги поттикна да бидат срцето на Црквата и да не ги клерикализираат лаиците и темелно да ја разгледат улогата на жената во Црквата затоа што „Црквата е жена.“

(…) За да служиме на општата Црква премногу е потребно да се биде срце на Црквата – објасни Папата, и додаде, тој чекор е возможен ако се потрудиме да излеземе од себе и да влеземе во нова перспектива. Црквата е католичка, универзална и многу пространа, со голем дух, „великодушна“ во однос на мојот личен став. (…)

Да се промовираат и да се подржуваат лаиците, семејствата и животот значи да се оди понатаму од своите посебни лични компетенции, за да ја попримиме перспективата на Црквата-мајка, и следствено на тоа да прашаме како таа ја „гледа“ и „чувствува“ реалноста. Повикани сте да направите чекор повеќе и пред пасторален проект, пред некој предизвик или проблем, да се запрашате како таа реалност ја „гледа“ Црквата-мајка? Како ја „чувствува“? Правејќи така ќе помогнете на дикастеријата затоа што ќе знаете да дадете глас на Црквата, бидејќи личното размислување и чувствување во себе веќе ќе го прочистите и воздигнете и ќе го направите целосно црковно – рече Светиот Отец.

Како мајка Црква не дава протекции ниту предности затоа што пред сѐ сака слога меѓу сите свои деца. Заради тоа треба и ние така да постапуваме. И за вас е важно – рече Папата – секогаш да предлагате позитивни примери за соработка меѓу лаиците, свештениците и посветените лица, помеѓу пастирите и верниците, помеѓу бискупските тела и парохиските тела и лаичките движења и здруженија и помеѓу младите и старите избегнувајќи спротивставувања и бескорисни ривалства и секогаш поттикнувајќи на братска соработка од аспект на општо добро за единствено семејство односно Црква.

Меѓу важните карактеристики на „црковното чувствување“ односно она на Црква-мајка, Папата ја наведе желбата за воспитувањето на децата за да не останат детинести туку за да бидат во состојба да се соочат без страв со предизвиците кои современиот свет ги поставува на сите подрачја. Црквата како секоја мајка сака нејзините деца да растат и да станат самосотојни, креативни и да не останат детинести – рече Папата. Исто така на сите верници лаици, деца на Црквата им треба помош за да растат и да станат „возрасни“, надминувајќи ги отпорите и стравовите и откривајќи ги смело и храбро, ставајќи ги нивните таленти во служба на новите посланија во општеството, културата и политиката, соочувајќи се без комплекс и страв со предизвиците на современиот свет. (…)

Освен тоа важно е да се има братски поглед кој ни овозможува да не делуваме како општетсвени или црковни инженери кои планираат стратегии кои треба да се применат, туку како браќа во верата. Поаѓајќи од своето искуство и тешкотиите подобро ќе го разберете секојдневниот напор на верниците лаици во целиот свет, чии тешкотии често ги зголемува сиромаштвото и општествената нестабилност, верските прогони и идеолошката пропаганда против христијаните– рече Папата.

Бидејќи сме браќа во верата, формацијата не може да се фокусира само на работата. Во денешно време децата, младите и брачните парови премногу им е потребен живот на молитва, секојдневен и семеен разговор со Бог. Во таа смисла не треба да се плашиме да им ги довериме на лаиците придружбата на другите лаици во духовниот живот. Од тоа произлегува и потребата лаиците да ги направиме видлив знак на Христовото присуство во секоја средина.

Меѓутоа за да го сочуваме погледот кој премногу е одвоен од реалноста – предупреди Папата, потребно е да се мисли на тешкотиите на кои наидувме во сопствениот живот секој пат кога настојуваме да живееме како христијани и да се поистоветиме со христијаните кои имаат искуства поинакво од нашето. Ако го проширите погледот на сите браќа во верата, на сите општетсвени категории и од сите делови на светот, тоа ќе ви помогне креативно и реалистично да размислувате за тоа како дикастеријата може да биде поддршка за локалните Цркви во придружба на крстените за радосно, уверено и верно да ја живеат припадноста на Христос, станувајќи ученици мисионери, протагонисти на животот, во заштита на здравиот разум, праведноста, мирот, слободата и во поддршка на здравиот заеднички живот меѓу народите културите.

Папата се осврна и на опасноста од клерикализација на лаиците, правејќи ги така „свештеници на половина пат,“ и на положбата на жената во Црквата. Затоа епископите ги советуваше да ги оделат ѓаконите од олтарот, нека одат да служат; тие се – според зборовите на Папата, чувари на службата, а не министранти од прва класа или свештеници од втора класа.

Што се однесува пак до улогата на жената во Црквата, Папата се осврна на реалноста на самата Дикастерија за лаици, семејство и живот која – како што рече, има милост да има две потсекретарки. Охрабрувајќи го промовирањето на жените рече дека треба да се оди напред секогаш кон вклучувањето на жената советничка, па и на управни места без страв. Важно е жената во Црквата да зазема одговорни места. Улогата на жената во црковната организација, во Црквата оди понатаму и ние мора да работиме на тоа „понатаму“ затоа што жената е слика на Црквата, за мајка, затоа што Црквата е жена (…). Нејзината работа оди понатаму. Тоа е маријанско начело сопственост на жената; а жената во Црквата е слика за Црквата свршеница и Богородица – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот