Папата Фрањо формира Секретаријат за комуникации
Папата со ‘мото проприо‘ основа Секретаријат за комуникација, ново тело во Римската курија во кое ќе влезат Папскиот совет за комуникации, Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Ватиканската интернет служба, Осерваторе Романо, Ватиканската печатница, Фотографската служба и Ватиканската книжара
Раководител на новиот Секретаријат за комуникација ќе биде монсињор Дарио Едоардо Вигано, директор на Ватиканскиот телевизиски центар.
Станува збор за санација и реорганизација, во смисла на интеграција на Ватиканските медиуми, бидејќи сегашните можности во комуникациите, карактеризирани со присутноста и развојот на дигиталните медиуми, како и факторите за хармонизација и меѓусебно делување, бараат ново разгледување на информативниот систем на Светиот Престол – напиша папата Фрањо во првите редови од својот ‘мото проприо’, објаснувајќи ги причините за реформите во подрачјето на медиумите.
Овој документ на Папата затвора една долга работа на планирање за реформи, започната пред година дена, која на 30 април беше формирана во рамките на Комисијата за Ватиканските медиуми. Желбата на папата Фрањо е – како што напиша – оваа реорганизација, заедно со проценката на сето она што во минатото се развиваше во организација на Апостолскиот Престол, одлучно да продолжи кон интеграцијата и едноставното управување. Системот на Светиот Престол со овој нов Секретаријат сѐ подобро ќе одговара на потребите на мисијата на Црквата – истакна Папата.
За раководство на новата институција папата Фрањо го повика монсињор Дарио Едоардо Вигано, директор на Ватиканскиот телевизиски центар, а за негов секретар, монсињор Лусио Адријан Руиз, директор на одделот на Ватиканската служба за интернет. Главен директор ќе биде Паоло Нусинер, генерален директор на католичкиот весник Авенире, а негов заменик ќе биде Џакомо Гизани, одговорен за меѓународните односи и правните работи на Ватиканската радио станица и член на административниот совет на Ватиканскиот телевизиски центар.
Што се однесува до спојувањето на другите институции со новиот Секретаријат, во вториот член од ‘мото проприо’, стои дека во одредено време, со стапувањето на сила на овој документ, сите овие тела ќе продолжат со своите активности, но придржувајќи се на инструкциите кои ќе им ги дава Секретаријатот за комуникација. Во третиот член е истакнато дека оваа нова институција, во договор со Државниот секретаријат, ќе ја превземе веб страницата на Светиот Престол „vatican.va“ и Твитер профилот на Светиот Отец „@pontifex“.
Во последниот, четвртиот член од ‘мото проприо’ се наведува пак дека Секретаријатот за комуникација започнува со работа на 29 јуни 2015 година, а нејзиното привремено седиште ќе биде во зградата во која се наоѓа редакциите и канцелариите на Радио Ватикан.
РВ/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк