Папата Фрањо формира Комисија за распределба на помошта за Украина

Да се формира локална „техничка комисија“ со цел да ја контролира распределбата на добротворната помош за Украина, донирана на 24-ти април во сите католички цркви во Европа. Тоа е „лична иницијатива на Папата“, која беше претставена на 9 јуни пред новинарите од отец Федерико Ломбарди, директор на прес-центарот на Светиот Престол.

Приходите од добротворната помош, изјави портпаролот на Ватикан, се наменети „единствено за населението, погодено од војната, без разлика на религија, вера или етничка припадност“, што значи и за муслиманите и другите нехристијани.

Кардиналот Пиетро Паролин, Ватикански државен секретар кој ќе ја посети Украина од 15 до 20 јуни, прецизира во писмото дека: „Комисијата ќе се состои од претседател, монс. Јан Собило, помошник епископ на Харков-Запорожие и четворица членови: тројца избрани од претседателот на комисијата и еден кој ќе биде избран „консензуално“ од Меѓународниот Каритас и Папскиот совет Cor Unum.

„Мандатот на комисијата ќе биде од една година, но ќе може да се обновува, доколку тоа е потребно“, додаде отец Ломбарди. Според портпаролот на Ватикан вашни се упатствата во писмото за изборот на активностите кои треба да се извршат: „Предлозите треба да дојдат, на прво место, од меѓурелигиските собранија или постоечките верски организации во одделните области или преку поедини епископи, дури и некатолици, таму каде што не постојат такви собранија, но ќе бидат разгледани и предлози од други организации“.

Запрашан од новинарите за големината на помошта, портпаролот на Ватикан одговори: „Никој не знае точно. Постапката на собирање на помошта сѐ уште трае и е комплексна: парохиите праќаат донации кон епархиите, епархиите – со епископските конференции, а тие пак – во Рим …, заврши отец Ломбарди.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот