Примајќи ги во аудиенција членовите на Папската академија за живот, собрани на пленарната седница, папата Фрањо истакна дека е парадоксално да се зборува за „зголемен“ човек, заборавајќи дека човечкото тело се однесува на целосната благосостојба на личноста; потребно е сериозно размислување кое одлучно ја нагласува важноста на концептот на лична совест
Промена на условите за живот на луѓето во технолошкиот свет; влијанието на новите технологии врз самата дефиниција за „човек“ и „односи“; како и поимот „знаење“ и неговите последици. Има три предизвици и огромна задача: да се одговори преземајќи ги можностите за слоевитост, трансдисциплинарен дијалог и соработка меѓу различни субјекти – за овие предизвици ги предупреди папата Фрањо членовите на Папската академија за живот, кои ги прими по повод нивната пленарна седница која во понеделник и вторник, 20 и 21 февруари се одржува во Ватикан на тема „Фокусирање на личноста. Новите технологии за општо добро“.
Брзина и меѓузависност
Брзиот развој на техничките средства ја прави меѓузависноста меѓу човекот и заедничкиот дом посилна и поочигледна – истакна Папата, поттикнувајќи да внимаваме на брзината на промените и на интеракцијата меѓу промените.
Моќта и забрзувањето на интервенциите се такви што стимулираат значителни промени, како во животната средина, така и во условите за живеење на луѓето, со ефекти и развој кои не се секогаш јасни или предвидливи. Тоа го покажуваат различните кризи, од пандемијата до енергетската криза, од климата до миграцијата, чии последици се одразуваат една на друга и меѓусебно се зголемуваат. Здравиот технолошки развој не може да не ги земе предвид овие слоевити заплеткувања.
Личност, совест, тело и култура
Покрај тоа, новите технологии имаат значително влијание врз дефиницијата на човекот и односите. Римскиот бискуп истакна дека технолошкиот облик на човечкото искуство станува се пораспространето; при разликувањето помеѓу „природно“ и „вештачко“, „биолошкото“ и „технолошкото“, стандардите според кои може да се разликува она што е соодветно за човекот и технологијата стануваат сè потешки. Затоа – според Папата – итно е потребно сериозно размислување за самата вредност на човекот.
Посебно потребно е одлучно да се истакне важноста на поимот на лична совест како релациско искуство, кое не може да ги игнорира ниту телесноста, ниту културата. Со други зборови, во мрежа на односи, субјективни или социјални, технологијата не може да го замени човечкиот контакт, виртуелното не може да го замени реалното, а социјалните мрежи не можат да ја заменат ниту социјалната средина.
Заедница и општо добро
Односот помеѓу личноста и заедницата има се повеќе слоевити етички импликации во рамките на процесот на научно истражување. Папата Фрањо посебно мисли на здравственото поле, каде квалитетот на информациите и помошта на поединецот во голема мера зависи од собирањето и проучувањето на достапните податоци.
Тука треба да се соочиме со проблемот на комбинирање на доверливоста на податоците на личноста и споделување на информации поврзани со него во интерес на сите. Имено, би било себично да се бара третман со најдобрите средства и способности што му се достапни на општеството, а да не се придонесува за нивниот развој. Севкупно, мислам дека има итна потреба распределбата на ресурсите и пристапот до лекување да бидат во корист на сите, со цел да се намалат нееднаквостите.
Почитување на поединечни култури
Папата, исто така, бара да се почитуваат поединечните култури, особено онаму каде што технолошката перспектива се обидува да се наметне како универзален и хомоген јазик и култура.
Напротив, треба да се преземе секој да расте во стил, кој му е својствен, развивајќи ги своите способности за обновување, тргнувајќи од вредностите на сопствената култура.
Според мерка на човекот
Важно е – според зборовите на папата Фрањо – да се поттикнат спознавања кои се по мерка на човекот, бидејќи видот на свесноста што ја применуваме во пракса веќе има морални импликации. Затоа, изгледа редуктивно да се бара објаснување на феноменот само во карактеристиките на поединечните елементи што ги сочинуваат. Потребни ни се модели кои се поартикулирани – истакна Папата, поттикнувајќи внимание на испреплетеноста на односите кои сочинуваат одредени настани.
Парадоксално е, на пример, кога се зборува за технологии за подобрување на биолошките функции на субјектот, да се зборува за „зголемен“ човек ако се заборави дека човечкото тело се однесува на целосната благосостојба на една личност и затоа не може да се идентификува само со биолошки организам. Погрешниот пристап во таа област всушност не завршува со „зголемување“ на човекот, туку со негово „компримирање“.
Теологијата и меѓурелигискиот дијалог
Теологијата може да придонесе за дефинирање на нов хуманизам и да поддржи меѓусебното слушање и меѓусебно разбирање меѓу науката, технологијата и општеството – посочи Папата и ја охрабри Папската академија за живот да продолжи да ја разгледува важноста на понудата што ја нуди дијалогот меѓу големите верските традиции, како и нивната вековна мудрост. Вашата задача е огромна, но Господ, љубителот на животот, не нè напушта – истакна папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк