Папата Фрањо ја прими словачката претседателка

Папата Фрањо ја прими словачката претседателка

Добрите билатерални односи, војната во Украина и хуманитарната криза предизвикана од неа беа меѓу темите за кои Зузана Чапутова разговараше во Ватикан, прво со папата Фрањо, а потоа и со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата Фрањо во сабота 10 декември 2022 година, во аудиенција ја прими претседателката на Република Словачка Зузана Чапутова, која потоа се сретна со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.

За време на срдечниот разговор во Државниот секретаријат, соговорниците се осврнаа на постоечките добри билатерални односи меѓу Светиот Престол и Република Словачка и улогата на Црквата во општеството – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Во продолжение на разговорот, детално се разговараше за војната во Украина и нејзиното влијание на регионално и меѓународно ниво, со посебно внимание на хуманитарната состојба, приемот на бегалците и социо-економската криза – стои во соопштението.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот