Средба на бискупот Стојанов со постулаторот дон Џузепе Гуера

Средба на бискупот Стојанов со постулаторот дон Џузепе Гуера

Во петок 10 март 2023 година во Скопската резиденција во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов се сретна со постулаторот за процесот за беатификација на преподобниот бискуп Јанез Франчишек Гнидовец, дон Џузепе Гуера.

На средбата присуствуваа и членовите на Комисијата за испитување на сведоците за новодно чудо, формирана од епископот Стојанов на 2 март 2023 година, а во состав: претседател патер Винко Маслаќ, правобранител о. Гоце Костов и записничар о. Ванчо Назов. На овој состанок се извршени правни регулативи потребни за отпочнување на активностите на комисијата. На средбата присутни беа соработници на постулаторот, сестрите Усмиленки, медицинскиот експерт Тинка Трпеска и неколку сведоци.

Јанез Франчишек Гнидовец е Скопски бискуп од 30 ноември 1924 до 3 февруари 1939 година. Процесот на беатификација започна во Љубљана на 15 декември 1977 година во епархиски процес кој му ја додели титулата Божји слуга. Процесот се протегаше од 8 февруари 1978 година до 1984 година во кој беа собрани сведоштва на сведоци и голем дел од документацијата. На 27 март 2010 година бискупот Јанез Франчишек Гнидовец беше прогласен за преподобен откако папата Бенедикт XVI потврди дека живеел живот со херојска крепост во согласност со начелата на христијанската вера.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот