Папата Фрањо се сретна со кардинал Филони пред заминувањето за Ирак

На 10 август папата Фрањово домот„Света Марта“ во Ватикан се сретна со кардинал Фернандо Филони, префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите. Кардиналот Филони беше назначен минатата недела за специјален претставник на Папата во Ирак, како израз на блискост кон населението, особено на христијаните што се тешко погодени од овој конфликт и имаат потреба од поддршка и охрабрување.

Кардиналот го информираше Папата за подготовкитеза неговата мисија и заминувањето за Ирак.

Папата Фрањо ги истакна своите чувства пред трагичните настани – чувства изразени во повеќе наврати овие денови – давајќи му на кардиналот лични сугестии за мисијата, обезбедувајќи му и парична сума за итните потреби на засегнатото население и како знак на конкретна солидарност на Папата и неговата посветеност кон напорите на институциите и луѓето со добра волја како одговор на драматичната ситуација.

Во интервјуто по средбата пред Ватиканскиот телевизиски центар кардиналот Филонија нагласува загриженоста на папата Фрањоза„сите христијани и останатите малцинства во Ирак подложени на прогонување и принудени да ги напуштат своите домови“. Доверувањето на мисијата – вели кардиналот кој е поранешен нунциј во Ирак во времето на втората војна во Заливот (2001-2006) – „има главно, за цел, да ги охрабри во верата и да им даде духовна, морална и психолошка поддршка“. Освен тоа мисијата ќе има за цел зголемување на чувствителноста на властите за трагичната ситуација и изнаоѓање на начини како да се помогне конкретно во оваа ситуација и во блиска иднина“. На крајот, истакна кардинал Филони, „тоа ќе биде повод да се искаже благодарност до сите оние кои работат неуморно за населението“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот