ПАПАТА ФРАЊО: ПОГЛЕДОТ ОД ТОРИНСКАТА ПЛАШТЕНИЦА ГИ БАРА НАШИТЕ СРЦА

Ватикан, 30.3.2013 /к.мк/ – Во измаченото лице на Торинската плаштеница го гледаме трпењето на најслабите и влегуваме во тишината на љубовта – истакна папата Фрањо во видео пораката упатена по поводот изложувањето на Торинската плаштеница, во сабота 30 март, која ја пренесува Италијанската телевизија, а одржана во рамките на Година на верата. Папата Фрањо во пораката, меѓу останато заблагодари на Бог за средствата за комуникација кои денес ни ја даваат оваа можност за обожавање.

 „Севишен и славен Господи просветли ја темнината на моето срце“ – гледајќи во Човекот од плаштеницата, Папата ја повтори молитвата на свети Фрањо од Асизи. И веднаш потоа тој истакна дека размислувањето пред Торинската плаштеница станува обожавање, бидејќи тоа е „поглед на молитва“ – додаде Светиот Отец –треба да се „препуштиме во гледање“. Тоа лице има затворени очи, тоа е лице на почината личност, сепак тоа лице нè гледа таинствено, и во тишина ни зборува. Како е тоа возможно? Таа слика, втисната во плаштеницата – тоа е негов одраз – говори на нашето срце и нè поттикнува да се качиме на Голгота, како би го виделе дрвото на Крстот и би потонале во тишината на љубовта – истакна Светиот Отец.

 Поради тоа да дозволиме да допре до нас тој поглед, кој не ги бара нашите очи, туку нашето срце – поттикна папата и додаде – дека преку светата Торинска плаштеница до нас доаѓа едно и последно Слово Божјо: Љубов која стана човек, овоплотена во нашата историја, љубов која врз себе го зеде сето зло во светот за да не ослободи од власта на злото. Тоа измачено Лице наликува на бројни лица на мажи и жени, ранети во животот поради тоа што не се почитува нивното достоинство, војни и насилства од кои се погодени најслабите. А сепак Лицето од Торинската плаштеница пренесува голем мир, тоа измачено лице изразува највисоко величие. Тоа Лице како да сјае со умерена, но моќна сила; како да ни говори: имај доверба, не ја губи надежта; силата на Божјата љубов, силата на Воскреснатиот победува сѐ– истакна Светиот тец.

 Во разговорот за Радио Ватикан ова второ телевизиско изложување на Торинската плаштеница, после 1973 годиниа, и за нејзиното значење, торинскиот архиепископ монс. Чезаре Носиглија истакна дека Торинската плаштеница е со порака за голема надеж. Во светот во кој се шират привлечни пораки, но кои поттикнуваат на бегство и необврзување, Торинската плаштеница, напротив, потсетува на љубовта која се дарува, која вистински се дава да се жртвува – напомна архиепископот и потсетувајќи се на прекрасната тишина на плоштадот Свети Петар, веднаш по изборот на папата Фрањо, кој замоли преку тивка молитва верниците да го благословат, ја спореди со таа тишина Торинската плаштеница која искажува тишина на Христовиот Гроб, која не е празна тишина, туку полна со благослов, исчекување, за надеж за сите луѓе, а посебно за оние кои трпат, но и за оние кои врз себе ги земаат страдањата на своите браќа.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<