Папата ќе патува за Колумбија

Папата ќе патува за Колумбија

На 6 септември 2017 година папата Фрањо ќе отпатува на апостолско патување во Колумбија – објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол и истовремено ја објави и програмата на патувањето. Утрендента откако ќе пристигне во Колумбија, 7 септември Папата ќе се сретне со државните власти, ќе ја посети катедралата, а во нунцијатурата ќе се сретне со бискупите и со управниот одбор на Советот на бискупските конференции на Латинска Амрика (CELAM). Истиот ден попладнето во паркот Симон Боливар Светиот Отец ќе служи Литургија.

Во петок 8 септември, папата Фрањо ќе замине во градот Вилавиченцио, каде претпладнето ќе служи света Литургија и ќе учествува на голема молитвена средба за национално помирување. Во сабота 9 септември, Папата ќе биде во Меделина, каде ќе служи уште една света Литургија и ќе се сретне со свештеници, монаси, монахињи, посветени лица, семинаристи и нивните семејства.

Неделата е посветен за градот Картагена, каде на плоштадот свети Фрањо од Асизи папата Фрањо ќе го благослови камен темелникот на станови за бездомници, комплекс кој ќе се гради со поддршка на меѓународната организација за посветен живот Талита Кум, која се бори против трговијата со луѓе. После тоа ќе ја предводи попладневната молитва Ангел Господов и ќе го посети светилиштето на свети Петар Клавер. Попладнето ќе служи света Литургија, а потоа ќе се врати во Рим. Пристигнувањето на римскиот аеродром Чијампино се очекува да биде во понеделник 11 септември.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот