Во Охрид заврши летниот камп: Животот продолжува и после Ковид -19

Во Охрид заврши летниот камп: Животот продолжува и после Ковид -19

На 20 јули 2021 година заврши Лентниот камп на млади во Охрид, кој се одржа на тема: Животот продолжува и после Кововид -19. Кампот е во организација на Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија, а на него учествуваа млади од повеќе парохии. На кампот се испрелетуваа молитва, предавање, работа во групи и дружење.

Летниот камп го отвори на 16 јули 2021 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов,Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх. Во своeто обраќање бискупот Стојанов ги поздрави присутните учесници, а потоа се осврна на периодот на пандемија со осврт на пасторалните предизвици кои се појавија во тоа време. При тоа епископот Стојанов истакна дека и покрај сите настаните проблеми предизвикани од пандемијата сепак на тој период може да се гледа како и на можност да се вратиме на верата и на Бога.

Претпладнето на вториот ден од кампот предавања одржа о. д-р Зоран И. Стојанов, парох во Радово и декан на деканатот „Свети Кирил и Методиј“ кој зборуваше на тема: „Младите интелектуалци клучни во борбата на новиот начин на живот во заедницата“. Истиот ден попладнето младите имаа можност да го проследат предавањето на о. Гоце Костов, парох во Струмица и директор на Радио Марија на тема: „Медиумите можност за взамена блискот во Ковид време“.

Отец Оливер Тантушев ги запозна младите со Светскиот ден на млади кои се одржува во Католичката црква, а тема на неговото предавање беше: „Важноста на Светскиот денна млади во живото на малдите генерации.“

Во рамки на кампот предавања одржа о. Ванчо Назов, водител на Едукативниот центар во Сарај кој зборуваше на тема: „Работата со ранливите групи можност за напредок“. Покрај тоа беше претставена работата на Едукативниот центар во Сарај, поддржан од Македонски Каритас, а презентацијата ја водеа Наталија Стојанова и Павлинка Манолева.

Последното предавање го одржа Спасе Спасов, координатор на Македонски Каритас на тема: „Хуманоста на испит во новонастаната Ковид ситуација.“

После секое предавање се одржуваа работилници во групи. На последниот ден од кампот беше направена и евалуација.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот