Папата Фрањо: Папата Бенедикт XVI беше револуционер
Папата Бенедикт XVI беше револуционер. Неговото откажување беше последното дело од неговото управување – истакна папата Фрањо во интервјуто за аргентинскиот весник „Ла Насион“.
Светиот Отец зборуваше за многу проблеми на Аргентина, истакнувајќи дека нема „никаков проблем со претседателот Макри.“
Откажувањето на папата Бенедикт XVI
Папата Фрањо на 28 јуни 2016 година даде интервју за аргентинскиот весник „Ла Насион“ кога почесниот папа Бенедикт XVI славеше 65 годишнина од своето свештенство. Папата Бергољо го нарече почесниот Папа револуционер. Неспоредлива е неговата великодушност. Неговото откажување кое на видело ги изнесе сите проблеми на Црквата не беше од лична природа, туку последно дело од неговото управување – рече папата Фрањо додавајќи дека почесниот Папа има проблеми со движењето „но недопрен ум и меморијата му се совршени.“
Нема проблеми со претседателот на Аргентина
На новинарско прашање за состојбата во Аргентина посебно за наводно „ладните односи“ со Макри, Папата одговара: „Со претседателот Макри немам проблеми. Не ми се допаѓаат конфликтите. Ми изгледа дека Макри е од добро семејство, благороден човек.“ Папата потоа спомна дека во минатото со него се соочил еднаш во Буенос Аирес кога Макри управувал со градот, а Папата бил надбискуп. Само еднаш во толку време, тоа е многу мал процент. Во четири очи се расправало за други проблеми и се решавале, а двајцата сме го почитувале тој договор за приватноста – истакна папата Фрањо.
Хеба де Бинафини претседателка на организацијата Мајки на Мајскиот плоштад
Одоговарајќи на прашање за средбата со Хеба де Бонафини претседателка на непопустливиот огранок на Мајки на Мајскиот плоштад која во минатото го критикуваше Папата обвинувајќи го дека соработувал со воениот режим, а која пак јавно призна дека згрешила, рече дека аудиенцијата била „гест на прошка“. Таа ме бараше за прошка, јас не ја одбив, затоа што прошката „не се негира никому“ – истакна Папата, додавајќи дека нејзе и убиле двајца синови. Се поклонувам, клекнувам пред толку страдање. Не е важно тоа што го зборувала за мене. Знам дека во минатото кажа ужасни работи – потсети Светиот Отец.
Канцеларијата за печат единствен гласноговорник на Папата
Што се однесува пак до гласините за Папски аргентински гласноговорник папата Фрањо објаснува: Освен Канцеларијата за печат на Светиот Престол друг службен гласноговорник нема, ниту во Аргентина, ниту во други држави. Повторувам: Канцеларијата за печат на Светиот Престол е единствениот Папски гласноговорник – нагласи папата Фрањо.
Отворена Црква
Одговарајќи на прашање за „црковните ултраконзервативци“, Папата рече дека тие си ја работат својата работа, а тој пак својата. Јас сакам отворена Црква која вклучува, која ги придружува ранетите семејства. Тие пак сè одбиваат. Јас сум упорен на својот пат, не гледајќи на страна. Повторувам одбивам конфликтите.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк