Папата: Постои море на добра кои ја будат надежта во свет на мирот

Папата: Постои море на добра кои ја будат надежта во свет на мирот

Во изјавата на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни објавена на 26 август се истакнува позитивната реакција на папата Фрањо за веста за основањето на Високиот одбор за постигнувањето на целите содржани во Документот за човечкото братство за светскиот мир и заедничкиот соживот.

„Во врска со неодамнешното основање на Високиот одбор за постигнување на целите содржани во Документот за човечкото братство за светскиот мир и заедничкиот соживотот кој е потпишан во февруари оваа година во Обединетите Арапски Емирати заедно со големиот имам Ал Азхар, Неговата Светост папата Фрањо со радост ја прими веста за таа иницијатива и истакна: „Иако за жал новинарските колумни често полнат со зло, омраза и поделба постои сокриено море на добра кои растат и кои во нас будат надеж во дијалогот, взаемно запознавање и можност за изградување, заедно со следбениците на другите религии и на сите луѓе со добра волја, за свет на братство и мир“.

Светиот Отец ја поттикнува работата на Одборот за ширење на документот, се заблагодарува на Обединетите Арапски Емирати за конкретното залагање во корист на човечкото братство и изразува надеж дека слични иницијативи ќе се прошират во целиот свет“, се наведува во изјавата на директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот