Папата Фрањо: Исус е центар на историјата

Драги браќа и сестри, добар Ви ден и среќна Нова година!

На почетокот на новата година на сите ви посакувам мир и секое добро. Мојата желба е желба на Црквата, тоа е христијанска желба. Таа во себе нема некои магично и фатално чувство поврзано со новиот временски циклус кој започнува. Ние знаеме дека историјата има еден центар: тоа е Исус Христос, овоплотен, умрен и воскреснат, Кој е жив меѓу нас; дека има една цел: Божјото царство, Царство на мирот, правдата, слободата во љубовта; и дека има една сила која го движи кон таа цел: тоа е силата на Светиот Дух. Сите ние го имаме Духот Свети кој сме го примиле на крштението, и Он нас нѐ поттикнува да напредуваме на патот на христијанскиот живот, на патот на историјата кон царството Божјо.

Тој Дух е сила на љубовта по која Дева Марија зачна; истиот тој Дух ги вдахновува плановите и зафатите на сите миротворци. Мажи и жени кои градат мир, всушност Светиот Дух им помага, ги поттикнува да донесуваат мир. Денес славиме и празник на Богородица Марија и Светски ден на мирот. Пред осум дена оддекна Ангеловото навестување: „Слава на Бога во висините, мир на луѓето со добра волја“; денес повторно нѐ управува Исусовата Мајка која, „А Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое.“ (Лк 2,19), тоа да стане и наша задача и обврска во годината која започнува.

Темата на овој Светски ден на мирот е „Братство – темел и пат за мир“. Братство: по стапките на своите претходници, почнувајќи од Павле VI ја обработив темата во порано објавената порака која на сите топло ја препорачувам. Во неа тргнувам од уверувањето дека сите сме деца на еден небесен Отец, дека сме дел од исто човечко семејство и делиме заедничка судбина. Од тука произлегува одговорноста сите да се заземат за светот да стане заедница на браќа кои меѓусебно се почитуваат, кои се прифаќаат во својата различност и едни за други се грижат. Повикани сме исто така да ги имаме пред очите насилствата и неправдите присутни во многу делови во светот кои не смеат да нѐ остават рамнодушни и пасивни: сите треба да се заземаме за изградување на вистинско праведно и солидарно општество. Вчера примив писмо од еден господин, можеби е сега тука меѓу нас, кој, запознавајќи ме со една семејна трагедија, во продолжение ги наброи и многуте денешни трагедии и војни во светот и ми постави прашање: што се случува во човечкото срце, што го наведува тоа да го прави? И на крајот кажува: „Време е тоа да престане“. И јас мислам дека е добро да се прекине тој пат на насилство и да се бара мир. Браќа и сестри ги повторувам зборовите на тој човек: што се случува во човечкото срце? Што се случува во срцето на човечкиот род? Време е тоа да престане!

Од сите краеви на светот верниците денес воздигнуваат молитва со која молат од Господ дар на мир и способност да се донесе во сите средини. Нека во овој прв ден од годината Господ ни помогне сите со голема одлучност да тргнеме по патиштата на правдата и мирот. И да започнеме од сопствениот дом! Правда и мир во куќата, меѓу нас. Сѐ почнува од сопствениот дом, а потоа се оди понатаму, на целото човештво. Но мораме да почнеме од сопствениот дом. Нека Светиот Дух делува во срцата, нека ја разбие затвореноста и тврдокорноста на срцата и ни даде да се разнежниме пред слабото Дете Исус. Мирот бара сила на кроткост ненасилна сила на вистина и љубов.

Во рацете на Марија, Мајката на Откупителот, ја ставаме со синовска доверба нашата надеж. Нејзе која го протега своето мајчинство на сите луѓе, и го доверуваме повикот за мир на народите погодени од војна и насилство, храброста на дијалогот и помирувањето да преовладее над искушенијата за освета, надмоќност, корупција. Нејзе ја молиме евангелието на братство, кое Црквата го навестува и сведочи, да успее да проговори во секоја совест и ги сруши ѕидовите кои ги спречуваат непријателите едни во други да го препознаат братот.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот