Секој втор вторник во месецот, Евхаристиско обожавање на плоштадот Свети Петар

Секој втор вторник во месецот, Евхаристиско обожавање на плоштадот Свети Петар

Секој втор вторник во месецот од 20.00 до 21.00 часот ќе има Евхаристиско обожавање пред базиликата Свети Петар. Иницијативата ја објасни парохискиот свештеник на базиликата, фра Ањело Стоја, кој рече дека сакаат со молитва „да ги пречекаат ходочасниците кои пристигнуваат во Ватикан“.

Евхаристиско обожавање пред базиликата Свети Петар како дел од новата пасторална иницијатива за прв пат ќе се одржи на 14 март. Во интервју за италијанската телевизија Telepace, парохискиот свештеник фра Ањело Стоја рече дека „иницијативата е пред сè за да се пречекаат во молитва ходочасниците кои доаѓаат во Ватикан да го посетат Папата и да присуствуваат на Генералната аудиенција во среда“.

Опишувајќи како е организирано Евхаристиското обожавање, фрањевецот истакна дека „фокусот е на Исус присутен меѓу нас, значи со многу моменти посветени на слушање на евангелските делови, моменти на тишина и моменти посветени на медитација придружени со пеење“. Нема однапред одредена листа на аниматори, иако намерата е да учествуваат што повеќе луѓе преку вклучување на здруженија.

Сите се повикани да учествуваат и не е неопходно да се резервираат билети, рече фра Ањело. „Многу е едноставно. Свети Петар е место отворено за сите, нема билети, туку само желба да се биде тука и да се моли со нас“.

„Среќна коинциденција е што почетокот на иницијативата се совпаѓа со неодамнешната десетгодишнина од изборот на папата Фрањо. Датумот за завршување на иницијативата не е одреден, рече фра Ањело Стоја.

„Нашата желба е да гледаме во иднината“. Намерата е секако да се поттикне посебна атмосфера на плоштадот Свети Петар во поглед на јубилејот во 2025 година. „Ние се трудиме базиликата се повеќе да биде светилиште“, заклучи фра Ањело, прецизирајќи дека „светилиштето Свети Петар се заснова на два фундаментални столба: едниот е апостол Петар, а другиот затоа што е седиште на Папата“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот