Папата Фрањо: Да ги поднесуваме со смиреност тешкотиите и да ги победуваме со љубов предизвиците
Ватикан, 24.5.2013 /к.мк/ – „Да ги поднесуваме со смиреност тешкотиите и да ги победуваме со љубов надворешните и внатрешните предизвици“: ова е молитвата на папата Фрањо упатена за време на светата Литургијата во капелата на домот Света Марта во петок 24 мај на празникот на Дева Марија Помошница, .
Во проповедта папата Фрањо потенцираше две благодати: „Да се поднесува со смиреност и да се победува со љубов“. Станува збор за „благодати својствени за христијанинот“. „Да се „поднесува со смиреност“ – истакна Папата – „не е лесно!“ Не е лесно кога тешкотиите доаѓаат однадвор или одвнатре, од срцето, од душата, внатрешните проблеми. Но, да се поднесува – објасни Папата – не значи „да се носи една тешкотија“:
„Да се поднесува значи да се земе тежината и да се носи нагоре, со сила, за да не си скрши. Да се носи со сила: тоа е една христијанска крепост. Свети Павле често пати зборува за тоа. Да се поднесува. Тоа значи да не им се овозможи на тешкотиите да нѐ победат. Тоа значи дека христијанинот има моќ да не ги спушта рацете. Да се поднесува, но како да се оди напред. Не е лесно, бидејќи очајот доаѓа и човек има желба да ги спушти рацете и да каже: „Ајде одиме напред, да го направиме она што можеме, но ништо повеќе“. Но не е така, поднесувањето е благодат. Треба да ја бараме во најтешките моменти“.
Другата благодат, на која Папата ја потенцираше е „победување со љубов“:
„Може да се победува на многу начини, но благодатта, која ја сакаме ние денес е победата со љубов, преку љубовта. А тоа не е лесно. Кога имаме непријатели однадвор кои не тераат да страдаме силно, не е лесно да се победува со љубов. Ни доаѓа желбата за одмазда, да направиме нешто против тоа … Љубов: таа е силата, на која Исус нѐ учи. Таа е победата! Апостол Иван ни вели во своето Прво Послание: „Таа е нашата победа: нашата вера“. Нашата вера во Исус, кој нè научи на љубовта и нè научи да се сакаме сите. Доказот за тоа дека сме во љубов е нашата молитва за непријателите“.
Да се моли за непријателите, за оние кои не тераат да страдаме – продолжи Папата „не е лесно“. Но ако не им простиме на непријателите и ако не се молиме за нив, ние сме „поразени христијани“. „Колку само тажни и обесхрабрени христијани стануваме, бидејќи не сме ја добиле благодатта да простуваме со смиреност и со љубов“:
„Затоа, да побараме од Дева Марија да ни даде благодат да поднесуваме со смиреност и да победуваме со љубов. Колку луѓе – многу возрасни – го поминаа тој пат! И колку е убаво да ги гледаме: тие имаат прекрасен поглед, тоа е вистинска среќа. Тие не зборуваат многу, но имаат смирено и срце исполнето со љубов. Знаат што значи простување на своите непријатели, знаат што значи да се молат за непријатели. Многу христијани се такви“.
На Литургијата присуствуваа претставници од Папскиот совет за социјални комуникации, предводени од претседателот на советот, монсињор Клаудио Марија Чели. По повод молитвениот ден за Црквата во Кина на светата Литургија присуствуваа и монсињор Савио Хон Таи – Фаи, секретар на Конгрегацијата за евангелизација на народите и група на свештеници, монахињи и семинаристи од Кина. На крајот на молитвата на верните Папата рече: „За благородниот кинески народ: нека Господ го благослови, а Дева Марија го чува“. Литургијата заврши со песна посветена на Дева Марија на кинески јазик. (В.Н.)